Connect with us

Македонија

Се приклучил на комшиски струјомер, па доби кривична пријава

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Т.Ш.(30) од дебарското село Аме поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

При извршени контроли, екипи на ЕВН констатирале дека пријавениот неовластено извршил приклучување на електрично броило од куќа чии сопственици биле во странство, со што им предизвикал материјална штета од 34.523 денари.

Advertisement

Македонија

Јаневска: Загадениот воздух нема да донесе предвремен зимски распуст

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска увери дека учениците ќе продолжат со настава до крајот на месецов и потоа ќе заминат на редовниот зимски распуст, без предвремено распуштање поради загадениот воздух.

„Остануваат уште малку денови до распустот и во овој момент немаме информации дека здравјето на децата е загрозено“, истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ. Таа додаде дека отсуствувањето ден-два поради здравствени причини не е проблем, но дека мора да се избегне негативната практика од минатото, кога се скратувале учебните денови поради различни причини.

„Жалам што морам да направам груба споредба, но во некои европски земји децата одат на настава дури и кога имаат грип, се додека нивното здравје не е сериозно загрозено. Нашите ученици не се пренатрупани со учење, и доколку нема сериозен здравствен ризик, не е проблем да отсуствуваат еден-два дена. Проблем беше кога се скратуваа учебните денови заради поевтини одмори или подготовки за писмени испити. Тие негативни појави треба да ги отстрануваме“, нагласи министерката.

Јаневска потенцираше дека одлуките секогаш ќе бидат носени во интерес на здравјето на децата, а во овој момент нема сигнал дека наставата е во опасност по нивното здравје.

Continue Reading

Македонија

Советот на Битола добива дигитален пресврт: Бојкоски најавува електронско гласање

bitola

Советот на Општина Битола започна со нова, модерна практика – воведување пилот-проект за електронско гласање, кој ветува побрзи, поефикасни и по транспарентни седници од кога било досега.

Претседателот на Советот, Бојкоски, истакна дека на денешната Комисија за јавни дејности членовите имаа можност да го тестираат системот во практика. „Во периодот што следи, истиот ќе се имплементира и на останатите комисии“, соопшти Бојкоски.

Интересно, системот за електронско гласање е целосно развиен од ИТ тимот на општината, без ангажирање на надворешни фирми и без дополнителни трошоци за буџетот на Општина Битола.

„Ова е уште еден чекор кон модерна, транспарентна и одговорна локална самоуправа, во интерес на граѓаните на Битола“, додаде Бојкоски.

Според најавите, електронското гласање ќе го забрза процесот на донесување одлуки и ќе ја зголеми отчетноста на членовите на Советот. Сепак, за да се обезбеди веродостојност, ќе се потврдува и физичкото присуство на лицето задолжено за верификација.

Continue Reading

Македонија

Реконструкција на патот Стење–Коњско: Преспа добива ново лице

prespa pat

„Преспанскиот крај е едно од најубавите природни богатства на Македонија – живописен, недопрен и со пејзажи кои го оставаат човекот без здив. Но, за да може секој да ја почувствува и ужива неговата убавина, потребни се квалитетни и безбедни патишта. Токму затоа отпочнавме со санација на регионалниот пат Стење – Коњско“, истакна директорот на ЈП „Македонија пат“, Коце Трајановски.

На денешниот увид во работите присуствуваа и градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, пратениците Ѓоргија Сајкоски и Кире Божиновски, како и заменик директорот на „Македонија пат“, Александар Шуковски, заедно со стручните тимови.

„Во рамки на Програмата за одржување и заштита на државните патишта за 2025 година, за овој регионален пат се предвидени 30 милиони денари. Досега е извршена санација на трупот на патот во должина од 3.800 метри, со израмнување и вградување на 1.300 м³ тампонски слој, со ширина од 4,5 до 5 метри. Исто така, се асфалтираа 3.800 метри пат, со вкупно 1.980 тони асфалт – просечна ширина 3,6 метри, а во кривините проширено до 4,5 метри“, нагласи Трајановски.

Тој додаде дека оваа инвестиција не е само техничка реализација. „Подобрувањето на патната инфраструктура значи подобар пристап до Преспа, развој на туризмот и економски раст на локалните заедници. Преспа заслужува да биде достапна и безбедна за сите нас“, заклучи директорот на „Македонија пат“.

Преспанскиот крај е едно од најубавите места во… – Коце Трајановски | Facebook

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг