Connect with us

Македонија

Ски центар Попова Шапка со важно соопштение

Published

on

Почитувани посетители,

Ски центар Попова Шапка ве потсетува дека автомобилите паркирани на коловозните ленти, кои го попречуваат движењето на останатите возила, ќе бидат отстранети од пајак службата на Градскиот паркинг.

Ве замолуваме да бидете внимателни и да ги паркирате возилата прописно, особено за време на викендите, кога е зголемен обемот на сообраќај.

Ви благодариме за разбирањето и соработката.

Ски центар Попова Шапка

Македонија

Д-р Серафимова: Од 14 до 25 години се починатите во дискотеката во Кочани, лицата се од Скопје, Штип, Кочани и Пробиштип

Published

on

Од 14 до 25 години се починатите лица во пожарот кој се случи утринава во дискотека во Кочани изјави денеска директорката на Болницата во Кочани, д-р Кристина Серафимова. 

Починатите се од Скопје, Штип, Кочани и Пробиштип, додаде д-р Серафимова, додавајќи дека кај нив се хоспитализирани 20 пациенти од 18 до 23 години.

Во пожарот кој избувна утрово во 3 часот загинаа 51 лице, а над стотина се повредени, соопшти претходно министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Continue Reading

Македонија

(Видео) Сведоштва на преживеани во трагедијата во Кочани

Published

on

– Марија Тасева, 20-годишна девојка која е една од повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, пред камерата на МИА сведочеше дека во моментот на пожарот настанала гужва и дека излегувајќи надвор паднала на земја.

– Сите почнаа да трчаат надвор.Сите гледаа да се спасат. Сестра ми е изгубена. Не можеме да ја најдеме во никоја болница. Сега чекаме тука резултати дали ќе ја најдеме, ако не, на крај во Скопје. Излегувајќи надвор паднав на земја и другите газеа врз мене, едноставно бев на земја со образот, изјави Тасева.

Нејзиниот татко вели дека немаат информација за втората ќерка која има 25 години.

Водеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Македонија

(ВИДЕО) Нова снимка од дискотеката: Одете надвор, им велеше Панчо од ДНК на публиката

Published

on

Одете надвор! Одете надвор, па ќе се вратиме, им велеше Панчо од ДНК на публиката откако се појавија првите пламени од синоќешниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа и повеќе од 50 лица. На снимката се гледа како над рефлекторите се шири линијата на огнот.

Откако се запали и кровната конструкција настанува вистинска паника. Првите резултати од истрагата покажуваат дека несоодветната употреба на пиротехника го предизвика пожарот.

На терен се пожарникарски, полициски и екипи на ЦУК. За во 9 часот закажана е и првата конференција за медиумите на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

На концертот присуствувале 1.500 лица.

Видеата може да ги погледнете на следиот линк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк