Connect with us

Скопје

Грабеж во обложувалница, разбојникот го однел прометот

Published

on

Непознат разбојник вчера попладне ограбил обложувалница во скопската општина Карпош, заминувајќи си со парите од дневниот промет, соопшти МВР. 

„На 16.01.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обожувалница на подрачјето на Карпош, едно лице со закана од вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Скопје

Тешка сообраќајна несреќа вечерва во Бутел

Published

on

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи во скопски Бутел.

Како што известува нашиот репоретер од терен, сообраќајката се случила на семафор на бул. Босна и Херцеговина во Бутел.

Се судриле автомобил марка Мерцедес и џип Ауди.

Од фототографиите можи да се забележи дека станува збор за луксузни возила.

Continue Reading

Скопје

Докторите се борат за живот на пешакот, удрен од автобус на ЈСП

Published

on

„Пациент над 80 години во тешка состојба е примен во Ургентниот центар и веднаш е реанимиран. Пациентот е на интензивна нега и веќе се направени потребните дијагностички анализи. „Медицинските тимови вложуваат максимални напори за да се усогласат со медицинските протоколи и се борат за неговиот живот“, велат од Ургентен центар.

Ова е здравствената состојба на човекот кој денес 15 минути пред пладне беше удрен од автобус на ЈСП во Транспортниот Центар. Сведоците за Алсат рекоа дека тој се двиѓел полека потпирајќи се на бастун зад автобусот без да го забележи возачот кој го управувал автобусот во рикверц со мала брзина и удрил во него. Сведоците велат дека пожарникарите и брзата помош пристигнале многу брзо и го пренеле повредените во Ургентниот центар.

Граѓаните рекоа дека често се чувствуваат загрозени во сообраќајот, особено од малолетни возачи. Сепак, не ги исклучуваат пешаците како чести виновници за несреќите.

Министерството за внатрешни работи исто така извести дека се преземаат сите мерки за расветлување на случајот.

Извор: Алсат

Continue Reading

Скопје

Тешка сообраќајка во Скопје, неколку лица завршија во болница

Published

on

Сообраќајна несреќа помеѓу комбе и автомобил се случила вчера вечерта на раскрсницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ кој води кон Државна болница. На местото била повикана Брза помош.

Според очевидци на несреќата автомобилот е уништен, а неколку лица биле пренесени во болница.

Полицијата изврши увид, а детали се очекуваат во текот на денот.

Извор: МКД.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк