Connect with us

Македонија

Николоски: Ја пуштаме за сообраќај новата пруга Куманово – Бељаковце, ова е поттик за економски напредок на регионот

Published

on

Само со посветенот и одговорност, за две недели можат да се пуштат во употреба три крупни капитални проекти. Денеска ја пуштаме пругата од Куманово до Бељаковце, пруга која ќе значи економски напредок на овој регион, ќе значи поврзување со соседите и подобрување на животот на граѓаните, истакна во своето обраќање вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на пуштање во употреба на новата пруга од Куманово до Бељаковце. 

Во продолжение интегралното обраќање:

-Прекрасен ден да ја отвориме пругата од Куманово до Бељаковце, 31 километар кој се надевам дека ќе значат нов економски развој и напредок за целиот овој регион. Овој е еден од регионите кој што најмногу треба да ги развиваме во државата и регион кој дефинитивно заслужува поголем економски напредок. Како што кажа директорот на Железници Инфраструктура, беше голем предизвик да се заврши проектот навреме и еве проектот е завршен навреме.

Завршувањето покажува не само посветеност и одговорност, туку дека во Македонија можат да се реализираат и големи инфраструктууни проекти и оваа е само поттик да се продолжи понатаму и за втортата фаза, а секако и за реализација и за третата фаза за која што ќе ни треба заеднички договор со соседна Бугарија. И како што често кажувам, ова е за да се поврземе, а не да не се поврземе со Софија, бидејќи значењето на оваа пруга е доколку имаме целосно поврзување на коридорот 8.

Користењето на оваа пруга ќе значи многу на локалното население, ќе значи многу и за бизнисот, инсистираме карго сообраќајот да се развива и веќе зборувавме за одредени делови на карго сообраќајот на оваа пруга за да може полесно да се равива бизнисот. Би сакал лично да се заблагодарам на премиерот за подршката, не е мала работа три големи проекти да отворите за две недели.

Претседателе, Ви благодарам на подршката.

Да се заблагодарам на сите кои работеа на пругата, на изведувачот, на надзорот и сакам да споделам добра вест за граѓаните на Куманово. Тие знаат, но другите граѓани не знаат. Иако Куманово и Скопје се близу и се поврзани со железница помеѓу двата града сега нема воз. За две до три недели од денеска, со подршка на ЈП Железница Транспорт почнуваме редовна линија Скопје – Куманово која во одредени денови во неделата ќе доаѓа и до тука до Бељаковце.

Нека е со среќа, аирлија и за убави работи да се гледаме, истакна вицепремиерот Николоски .

Македонија

Селами: Од дискотеката во Кочани не постои барање за елаборат што го издава ДЗС

Published

on

За објектот каде се наоѓа дискотеката во Кочани никогаш не бил побаран елаборат за противпожарна заштита, покажуваат документите од Дирекцијата за заштита и спасување.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Џевад Селами во изјава за телевизија „Сител“ вели дека во документацијата што ја имаат за овој објект не постои барање за елаборат.

-Ја разгледуваме целата документација за објектот. Имаме информација дека е изграден во 1999 година, а е легализиран во 2005 година и досега не увидовме дека постои нивно барање за елаборат, изјави Селами.

Селами појаснува дека согласно законот секој објект треба да поседува опрема за заштита од пожари. Двајца инспектори од оваа институција соработуваат со останатите за да се увидат точните причини за избувнување на пожарот.

Во пожарот во Кочани, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Continue Reading

Македонија

Авион на Војската на Србија евакуира повредени по трагедијата во Кочани

Published

on

Aвион на Војската на Србија „CASA C-295“ со четворица лекари и четворица медицински техничари полета од Белград во Македонија за медицинска евакуација на повредените во трагичната несреќа во Кочани, соопшти во неделата вечерта српското Министерство за одбрана.

Планирано е со овој авион да се евакуираат 12 пациенти, кои ќе се лекуваат во Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград и Клиничкиот центар на Србија.

Двајца пациенти кои веќе се пренесени од Македонија со воени амбулантни возила се на лекување во Воената болница во Ниш и Клиничкиот центар во Ниш, а уште тројца пациенти се превезуваат со возила на брзата помош и ќе бидат згрижени на ВМА.

За пружање помош на повредените, двајца лекари од ВМА, пластичен хирург и анестезиолог, и двајца медицински техничари ќе останат со своите македонски колеги, се вели во соопштението.

Најмалку 59 млади лица најмногу на возраст од 14 до 24 години загинаа во пожар што избувна во текот на ноќта во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а 155 се повредени. Од скопската привватна клиника „Жан Митрев“ вечерва соопштија дека тројца од седумте пациенти во установата се во критична состојба.

Како реакција на трагедијата во кочанската дискотека, српската влада денеска одлучи вторник 18-ти март вторник да го прогласи за Ден на жалост во целата земја.

Continue Reading

Македонија

Брзата помош и неколку болници во Грција се во состојба на готовност за прием на повредени со изгореници

Published

on

Националниот центар за брза помош е во целосна оперативна готовност за транспорт и лекување на повредени со изгореници по барање на Македонија, напиша на платформата Икс, министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис и посочи дека четири болници во Атина и Солун се во состојба на зголемена готовност, јави дописничката на МИА од Атина.

Георгиадис објасни дека по барањето од нашата земја до Европскиот механизам за цивилна заштита, во тек се „сите неопходни активности и во тек е координација помеѓу грчкото Министерство за надворешни работи, Министерството за здравство, Министерството за климатски кризи и цивилна заштита и Здравствен оперативен центар на брзата помош со цел транспорт, прием и лекување на повредените со изгореници во соодветните здравствени центри во земјата“.

Според министерот за здравство на Грција врз основа на оперативниот план во состојба на зголемена готовност се три болници во Атина и една во Солун, што воедно се и едни од најголемите грчки болници.

– Општиот координативен центар на службата за брза помош веќе го стави во состојба на готовност неопходниот број амбулантни возила, кои ќе се користат во случај да се донесе одлука дополнителни повредени со изгореници да треба да се транспортираат во здравствените центри на националниот здравствен систем или на Министерството за национална одбрана во Атина, напиша Георгиадис на Икс.

Дополнително потсети дека во општата болница „Папаниколау“ во Солун веќе се хоспитализирани три лица со изгореници.

Како што претходно објави МИА, грчки владини извори брифираа дека во болницата Папаниколау во Солун и во воените болници во Атина и Солун, ќе бидат хоспитализирани 18 повредени со изгореници во пожарот во дискотеката во Кочани и дека по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете земји Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски, „со координирани активности на Министерствата за надворешни работи, здравство, цивилна заштита и службата за итна медицинска помош, Грција ќе ги прими сите повредни со изгореници, како што било побарано од Европскиот механизам за цивилна заштита“.

Тројца повредени со амбулантни возила попладнево пристигнаа во Солун и се хоспитализирани во болницата Папаниколау, а според информациите на МИА, станува збор за две девојки и едно момче на возраст од 25, 26 и 19 години, кои се тешко повредени со големи изгореници, еден од пациентите беше опериран, а операција ќе биде потребна и за уште едно лица.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк