Connect with us

Инфо +

Претседателката Сиљановска-Давкова го пречека новиот италијански амбасадор Паоло Палминтери

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска го пречека новоименуваниот амбасадор на Италија, Паоло Палминтери, кој ги предаде своите акредитиви. Во своето обраќање, амбасадорот Палминтери импресионираше со говор на македонски јазик, што беше поздравено како искрен гест на почит кон државата и нејзиниот народ.

Претседателката истакна дека Италија и Македонија повеќе од четири децении негуваат пријателски и партнерски односи, а новиот мандат на амбасадорот се гледа како можност за дополнително продлабочување на соработката во области од заемен интерес.

„Високо ја цениме долгогодишната поддршка на Италија за нашето членство во НАТО и за полноправното приклучување кон Европската Унија. Веруваме дека членството ќе отвори нови перспективи и ќе ја зацврсти европската идеја во нашата земја,“ изјави претседателката.

Во текот на средбата, претседателката ги истакна и поздравите од претседателот на Италија, Серџо Матарела, како и од реномираниот професор по уставно право, Џузепе Де Верготини, кои ја поддржаа идејата за продолжување на блиската соработка меѓу двете земји.

Амбасадорот Палминтери изрази уверување дека во текот на неговиот мандат ќе работи на продлабочување на економските, културните и политичките врски меѓу Италија и Македонија.

Балкан

Белград денес и утре е центар на светот: Погледнете што се случува таму во моментов (ВИДЕО)

Published

on

Групи студенти и активисти од различни градови во Србија вечерва пристигнуваат во главниот град, Белград, по неколкудневно пешачење од повеќе места низ земјата. Тие ќе учествуваат на протестот што е закажан за утре, а белградските студенти кои веќе се на блокадите, им организираа пречек на Теразије.

Првите кои пристигнаа беа студенти велосипедисти, кои беа пречекани од студенти од Белград, кои дојдоа од различни правци, скандирајќи и свирејќи со вувузели и тапани, заедно со групи граѓани. Во тој дел на градот, сообраќајот е блокиран, а ситуацијата се проширува и на плоштадот Никола Пашиќ.

Црвен тепих е поставен за студентите кои пристигнуваат во Белград, а на програмата е и хорски настап. За нив се поставени шатори и угостителски пунктови на Плоштадот на Републиката, каде ќе бидат сместени.

Нема присуство на полиција во униформи, што ја прави атмосферата во Белград помирна и организирана. Студентите доаѓаат од различни градови во Србија, вклучувајќи Нови Сад, Суботица, Крагуевац, Ниш, Краљево, Ужице, Крушевац, Вршац, Чачак, Ваљево и Лозница. Тие ќе бидат сместени во студентските домови, како и во некои средни училишта во Белград.

Студентите кои ги блокираат факултетите за утре закажаа протест пред Домот на Народното собрание, барајќи исполнување на четирите барања што ги поставија, за кои тврдат дека се уште не се исполнети, и покрај напорите на надлежните институции.

Погледнете го видеото

Continue Reading

Европа

Орбан: Унгарија притиска за прием во ЕУ на државите од Западен Балкан

Published

on

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вели дека неговата земја е водечка сила која притиска за прием на земјите од Западен Балкан во Европската унија.

„Србија, Црна Гора и Северна Македонија утре би можеле да се приклучат на ЕУ, што ќе донесе огромни економски придобивки за сите страни. Брисел ги игнорира, наместо тоа и дава приоритет на Украина. Ова не само што е непромислено, туку и опасно. Ние нема да се залагаме за тоа!“, вели Орбан.

Според Орбан приемот на земјите од Западен Балкан ќе донесе „вонредни економски придобивки за Унгарија“.

Continue Reading

Свет

Г7 заканува со санкции ако Русија ја одбие иницијативата за прекин на огнот

Published

on

Земјите од Г7 (Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД) ѝ се заканија на Русија со нови санкции и дополнителна поддршка на Киев, доколку Москва не се согласи со предлогот за прекин на огнот на Соединетите држави, соопштија министрите за надворешни работи на Г7.

„Разговаравме за наметнување дополнителни санкции за Русија во случај да не биде договорен таков прекин на огнот, вклучително и ограничувања на цените на нафтата, како и дополнителна поддршка за Украина и други средства“, соопштија  министрите.

Членовите на Г7 „ја повикаа Русија да возврати со тоа што ќе се согласи на прекин на огнот под еднакви услови и ќе го спроведе целосно“. Министрите за надворешни работи, исто така, „ја истакнаа важноста на мерките за градење доверба во рамките на прекинот на огнот, вклучително и ослободување на воени затвореници и цивилни“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк