Connect with us

Македонија

Ренџерите од НП Шар Планина се обучија како да се справат со ЛАВИНИ

Со цел зголемување на личната безбедност во зимски услови, неделава, ренџерите од Националниот парк (НП) Шар Планина поминаа обука за стекнување знаења и вештини при појава на лавини. Оттаму велат дека снегот, што особено годинава го има во изобилство, е постојан ризик од појава на лавини во повисоките планински подрачја, па затоа била потребата за ваква обука.

– Обуката пред сè беше наменета за личната безбедност на ренџерите затоа што тие се движат низ планината и по терени каде има потенцијален ризик од лавини. Тоа не значи дека намерно одат натаму меѓутоа никогаш не може да се знае што ќе се случи. Обуката ја правеше еден од нашите вработени кој веќе има поминато ваква обука. Тој ги обучуваше своите колеги како да ја користат опремата која ја имавме набавено минатата година, како да прават лавински профили, стабилност на снежна покривка, откопување на затрупани лица од лавина, информираше Анела Ставреска Панајотова, раководител на секторот за заштита на природата при НП Шар Планина.

Брзото интервенирање при појава на лавина, односно реакција најмногу 15 минути по случувањето е клучната можност за спасување човечки живот.

– Лавинската опасност е еден од најголемите ризици во зима, но, поради оддалеченоста на терените, периодот за да спасиш некого кој е затрупан од лавина е многу краток, најмногу 10 до 15 минути, што значи дека спасувачот треба да биде присутен на самото место за успешно да реагира, односно да се спаси животот на затрупаниот. Затоа скијачите, планинарите и другите посетители на планината, да не се охрабруваат и да одат на ризични терени со мисла дека ако бидат затрупани од лавина некој ќе ги спаси. Затоа оваа обука беше наменета за личната безбедност на вработените од Националниот парк кои се движат низ планината и на потенцијално опасни места. Затоа тие со себе носат трекер, па доколку биде затрупан, преку сигналот кој го емитува трекерот, со помош на сонда брзо да биде пронајден од своите колеги и да биде спасен, вели Анела Ставреска Панајотова.

Таа вели дека секој наклон на снегот поголем од 30 степени е потенцијален ризик од лавина, а на Шар Планина има повеќе такви места. Националниот парк Шар Планина има површина од 63.000 хектари.

Advertisement

Македонија

Над 3 милиони ноќевања годинава – континуиран раст на бројот на странски туристи во земјава

Туристичкиот сектор бележи позитивен тренд, покажуваат најновите податоци за годинава, според кои се остварени повеќе од 3 милиони ноќевања, со забележлив пораст на бројот на странски туристи во земјава.

Според официјалната статистика, зголемувањето на ноќевањата е резултат на поголемиот прилив на гости од странство, што укажува на зајакнат интерес за Македонија како туристичка дестинација. Позитивниот тренд се должи на подобрената туристичка понуда, зголемената авионска поврзаност и засилената промоција на земјата на меѓународните пазари.

Најголем дел од странските туристи доаѓаат од европските земји, а посебен раст е забележан во градскиот, културниот и езерскиот туризам. Надлежните институции оценуваат дека ваквите резултати се охрабрувачки и претставуваат добра основа за понатамошен развој на туризмот.

Се очекува позитивниот тренд да продолжи и во наредниот период, со дополнителни активности за подобрување на туристичката инфраструктура и зголемување на квалитетот на услугите, со цел земјата да се позиционира како атрактивна и конкурентна туристичка дестинација во регионот.

Continue Reading

Македонија

Екс-правобранителот  Фехми Стафа приведен за мито – барал 100.000 евра, фатен со 50.000

Поранешен државен правобранител е уапсен поради сомнежи за примање мито, откако бил фатен со дел од побараната сума во негово поседување, соопштија надлежните истражни органи.

Според објавените информации, правобранителот се сомничи дека побарал мито од 100.000 евра во замена за поволно уредување на службени активности. При акцијата на полицијата, тој бил фатен додека држел 50.000 евра, што претставува дел од побараните средства.

Надлежните органи потврдуваат дека случајот е во фаза на истрага, а против екс-правобранителот ќе биде подготвена соодветна кривична пријава. При приведувањето биле обезбедени и други материјални докази што ќе бидат дел од доказната постапка.

Од истрагата информираат дека овој случај еден од повеќето што ги третираат злоупотребите на службената положба и корупцијата во јавните институции, со цел да се испрати јасна порака дека недозволиви практики нема да бидат толерирани.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а во наредните денови обвинителството ќе се изјасни за понатамошните мерки и евентуални притворски предлози.

Continue Reading

Македонија

И следната недела со невообичаено високи температури за овој период

Невообичаено топлото време ќе продолжи и во текот на следната недела, најавуваат метеоролозите. Според прогнозите, температурите ќе останат значително над просекот за овој период од годината, со стабилни временски услови и без поголеми заладувања.

Во поголем дел од земјата се очекува претежно сончево време со умерена облачност, а дневните температури ќе се движат од двоцифрени вредности, што е нетипично за средината на зимската сезона. Утринските часови ќе бидат посвежи, но без појава на екстремно ниски температури.

Метеоролозите посочуваат дека ваквите временски услови се резултат на стабилна воздушна маса и отсуство на студени фронтови од север. Засега нема најави за значителни врнежи од снег или дожд, ниту за нагло влошување на времето.

Иако ваквото време е поволно за секојдневните активности, експертите предупредуваат дека долготрајните повисоки температури во зимскиот период можат да имаат влијание врз природата и земјоделството, особено врз вегетацијата.

Подетални и редовно ажурирани информации за временската состојба граѓаните можат да следат преку официјалните метеоролошки служби.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг