Connect with us

Спорт

РФМ ќе поднесе жалба на судењето на данските арбитри на мечот со Холандија на СП

Published

on

Ракометната федерација на Македонија ќе поднесе жалба за судењето на натпреварот меѓу Македонија и  Холандија од страна на данската судиска двојка Мадс Хансен и Јеспер Мадсен.

Информацијата ја сподели Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, кој истакна дека федерацијата ќе реагира на судењето кое било некореткно.

„Досега ретко сме се жалеле, можеби двапати досега, ама ова беше под секое спортско достоинство. РФМ ќе поднесе жалба, а без разлика на исходот, Македонија победи“, потенцира Милошевски.

На натпреварот Холандија доби 12 пенали, имаше доста спорни моменти, а Македонија заврши и со двојно повеќе исклучувања и два црвени картони.

Спорт

Јагуриновски: Oдиме со сите сили на победа против Гвинеја

Published

on

Македонскиот ракометен репрезентативец Томислав Јагуриновски потенцира дека нашите репрезентативци прикажа храбро издание, но на крајот успеаја да извлечат позитивен резултат.

„Ова беше еден многу тежок натпревар за играње, квалитетен. Противникот е брза и квалитетна репрезентација. Не знам што беше пресудно… мечот беше таков како што беше, тие беа подобри на крај, иако имавме шанса да се вратиме.

Ни следи Гвинеја, ќе имаме ист пристап, мора да го добиеме тој дуел за да продолжиме понатаму во следната фаза“, рече Јагуриновски.

Continue Reading

Спорт

Македонските ракометари загубија од Холандија, судењето во најмала рака скандалозно

Published

on

Ракометната репрезентација на Македонија загуби со 37:32 од репрезентацијата на Холандија.

Она што остави најголем впечаток е скандалозното судење на данската двојка судии Хансен и Мадсен.

Судиите доделија два директни црвени картони на Анастасиевиќ и Лазаревски и досудија дури 12 седмерци за „лалињата“. 

Најефикасен во нашата репрезентација беше Филип Кузмановски со девет погодоци.

Во третото коло македонските ракометари ќе играат против Гвинеја во недела.

Continue Reading

Спорт

ВРЕМЕ Е ДА ИМ СЕ ОДМАЗДИМЕ НА „ЛАЛИЊАТА“ Македонија подготвена за нова сензација, овојпат против Холандија

Published

on

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот во Вараждин се подготвува за нова битка на Светското првенство 2025. По храбриот и инспиративен натпревар против силната Унгарија, нашите ракометари се подготвени да се соочат со уште еден предизвик – брзата и незгодна селекција на Холандија.

Ова е моментот кога Македонија докажува дека со силна волја, тимски дух и неверојатната поддршка од навивачите, сè е возможно. Арената во Вараждин се очекува да биде исполнета со македонски знамиња и срца кои чукаат како едно, давајќи им дополнителна сила на нашите ракометари да се борат до последен здив.

Против Холандија, одбраната ќе биде нашето најсилно оружје. Чуварите на нашата мрежа и борците на теренот, предводени од селекторот Кире Лазаров, ќе треба да ја неутрализираат организираната холандска игра и особено бекот на ПСЖ, Лук Стајнс. Агресивната, цврста и подвижна одбрана од натпреварот против Унгарија е формулата за успех.

Во првиот меч од групата Д пред два дена Холандија лесно и убедливо со 40-23 го декласираше дебитантот Гвинеја.

Овој натпревар не е само уште една шанса за добар резултат, туку и можност за реванш од Светското првенство во 2023 година во Краков, кога Холандија извојува убедлива победа, каде бевме целосно надиграни и заслужено загубивме со убедливи 24-34. Тоа ќе биде мотив повеќе за нашите ракометари, од кои голем дел настапија на тој меч во Полска, целосно да им се реваншираат на „лалињата“.

– Во Краков беше една друга репрезентација, многу од овие играчи што се тука, тогаш беа на своите почетоци, сега сме поискусна репрезентација. Го паметиме тој дуел и поразот, но верувам дека денешниот меч ќе биде сосема поинаков. Ќе решаваат нијанси, тој што ќе направи помалку грешки ќе го добие мечот – вели Жарко Пешевски во пресрет на денешната пресметка.

Голманот Барт Равенсберген бранеше само во првото полувреме против Гвинеја, но искусниот чувар на мрежата е свесен дека неговата селекција денеска (18 часот) против Македонија ќе има далеку потешка задача.

– Добро беше што отворивме така лесно и рутински. Секогаш е незгодно на првите средби, особено против селекции кои се дебитанти на големи натпреварувања, но ние почнавме фуриозно од почетокот, создадовме добра предност и тоа ни овозможи полесно да го финишираме мечот. Знаеме дека нема да биде лесно против Македонија и едно е сигурно – многу ја почитуваме вашата репрезентација и сигурно нема да ја потцениме. Пред две години бевме изненадени колку лесно победивме во Краков, но знаеме дека тоа нема да биде случај овде во Вараждин – ни изјави Равенсберген.

Најсилниот адут на Македонија отсекогаш била неверојатната поддршка од трибините. Македонската фаланга, која веќе ја исполни арената во Вараждин, е мотивот што го крева нашиот тим до нови височини.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк