Connect with us

Македонија

Голема акција во моментов во Аеродром – специјалци апсат членови на групата на Штекли

Published

on

Како што дознава 24инфо, во моментов на територијата на Аеродром на повеќе локации специјалци спроведуваат акција во која се апсат членови од групата на Раде Трајковски, попознат како Штекли.

Инаку, попладнево во близина на хотел во Гевгелија, Штекли е уапсен, поради сомничење за трговија на дрога. Тој предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. Штекли на јавноста и е познат по пресметките со нарко картелите.

Извор: 24инфо.мк

Македонија

Четворица повредени во сообраќајка на патот Тетово – Скопје

Published

on

На 16.01.2025 година во 15.00 часот на регионалниот пат Скопје –Тетово, атар на село Дворце, општина Сарај, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(47) од Скопје и патничко возило „Сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(62) од село Радуша, скопско.

-Во несреќата возачот А.Љ се здобилсо тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, додека пак со телесни повреди се здобиле – другиот возач Е.Ф. и неговите две сопатнички Ф.Ф.(55) и А.Ф.(27) двете од село Радуша, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Македонија

МВР се огласи за апсењето на Штекли

Published

on

Министерството за внатрешни работи потврди дека Раде Трајковски Штекли е уапсен.

-Во полициска акција лицето за кое прашувате по Наредба на ОЈО за ГОКК е лишено од слобода, велат од МВР за Курир.

Штекли бил уапсен во близина на хотел во Гевгелија, при обид за бегство.

Тој се сомничи за трговија на дрога. Предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата негова група.

Оваа акција на МВР следува по сузбивањето на арачиновската група Беланоца.

Штекли е познат по пресметките со нарко картелите. Тој се поврзува со низа кривични дела, во август и во октомври 2023 година избегна два обиди за убиство на иста локација – во Ист Гејт Мол во Скопје.

Continue Reading

Македонија

Полицаец зел 50 евра поткуп за побрзо вадење на пасош: „Знаете дека ние не се трудиме џабе” – и’ рекол на оштетената

Published

on

Eдиниците на МВР во текот на вчерашниот ден приведоа полициски службеник осомничен дека примил поткуп од 50 евра.

Според информаците од Обвинителството, вработениот во Отсекот за странци и реадмисија, на 16 јануари во службените простории ја повикал оштетената која ја изгубила патната исправа и требало да извади нова. Притоа без да изврши проверки за претходно изгубениот пријавен пасош и да ги запази работните процедури ѝ дал уплатница за да уплати за издавање на нова. Откако го уплатила износот, оштетената се вратила во просториите на Одделот за управни работи и на осомничениот му ја предала уплатницата.

Откако го прашала за временскиот рок на постапката за издавање, полицаецот одговорил дека се чека од 6-12 месеци, на што жената негодувала, а осомничениот со гестикулации протривајќи ги прстите ѝ покажал дека треба да плати 50 евра за услугата велејќи „Знаете дека ние не се трудиме џабе”.

„Оштетената кажала дека нема пари во себе и ако не е проблем да ја почека да земе, а ако не стаса во текот на денот, да му ги предаде наредниот ден, на што осомничениот се согласил и рекол дека ќе ја чека за да ја заврши работата. По излегување од зградата, оштетената свесна дека тоа што осомничениот ѝ побарал пари без да ги уплати на сметка за побрзо да ја добие патната исправа е кривично дело, случајот го пријавила во полициска станица. Во текот на вчерашниот ден му ја предала кримтехнички обработената банкнота на осомничениот која беше пронајдена при претресот“, информираа од Обвинителството.

Предметниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот, а на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи со решение на осомничениот да му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор: 24инфо.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк