Connect with us

Спорт

Холанѓанецот, Ларс Кој во одбрана на македонските навивачи

Published

on

Холандија по вторпат за две години ѝ зема скалп на Македонија на еден голем ракометен собир. Но, синоќа во Вараждин беше далеку понеизвесно и повозбудливо за разлика од средбата во Краков, а тензиите од теренот се пресликаа и на трибините од каде имаше огромно незадоволство поради бројните контроверзни одлуки на судиската двојка од Данска.

По средбата во Вараждин, вардарецот Ларс Кој, на домашната јавност ѝ објаснал за страста и љубовта на македонските фанови кон ракометот и репрезентацијата.

„Тоа е сосема поинаков свет и култура. Сè што прават, прават со голема страст, дури и во некои разговори ќе помислите дека се бесни едни на други, но тоа е сосема нормално за нив. Можам да кажам дека се отворени и пријателски луѓе, но во спортот, секогаш сè е прашање на живот или смрт. Ако победиш си Господ, но по секој пораз си никој и ништо. Нe им го разбирам јазикот и не знам што викаат, но можам да кажам дека се фрла со најразлични предмети кон играчите. Во Македонија атмосферата е фантастична, игравме дерби во Скопје пред 4.000 навивачи, тоа беше специјално, прекрасно искуство“, рече Кој за холандски „Телеграф“.

На средбата со Македонија кружниот напаѓач на Вардар постигна четири гола.

Спорт

Навивачи на Тотенхем и Саутемптон добија 28 години затвор и 142 години забрана за влез на стадион

Published

on

Во врска со масовната тепачка што се случи по натпреварот помеѓу Саутемптон и Тотенхем во 2023 година, денес беа соопштени пресудите на судот. Според Кралскиот суд, 17 лица се осудени за нивното учество во инцидентот што се случи на 18 март 2023 година. Сите 24 осомничени признаа вината на почетните рочишта одржани во текот на 2024 година. Повеќето од нив се во затвор од 6 март 2025 година. Од нив, шест се осудени на казни од над седум години затвор.

На почетокот на 2024 година, малолетникот кој бил дел од групата што учествувала во тепачката, чиј идентитет не се открива, беше осуден на условна казна од една и пол година и 120 часа неплатена хуманитарна работа. За останатите 16 осудени, денес беше објавена нивната казна, додека конечната пресуда ќе биде донесена на 1 април.

Вкупно 22 мажи добија затворски казни од 28 години, како и забрана за влез на стадионите во Англија во времетраење од 142 години. Дополнително, им е забрането патувањето на меѓународни натпревари, а ќе мораат да ги предадат своите пасоши на полицијата за време на натпреварите надвор од Англија.

Continue Reading

Спорт

Македонските лавови од Престон на дофат до титулата!

Published

on

Судир на врвот на табелата во Првата лига на Викторија!

Престон, гордоста на македонската заедница во Австралија, се соочува со Авондејл во пресуден дуел кој може да ја одлучи шампионската трка! Со неверојатна база на лојални македонски навивачи и тим што игра со срце и страст, Македонските лавови се подготвени да го направат последниот чекор кон заслужената титула!

Натпреварот ќе се одигра утре во 05:00 часот по Македонско време.

Continue Reading

Спорт

Гордеј се, Македонијо! Вероника Костовска меѓу најдобрите во светот!

Published

on

Младата и талентирана каратистка Вероника Костовска повторно го покажа својот шампионски дух и ја потврди својата елитна позиција на меѓународната сцена! Изминатата недела, на Балканското првенство за сениори во Будва, Црна Гора, таа успеа да се истакне меѓу најдобрите и да го освои сребрениот медал, станувајќи балкански вицешампион.

Овој успех е само уште една потврда за нејзината дисциплина, посветеност и стратегиски пристап кон спортот. За Вероника, врвните резултати не доаѓаат само со напорни тренинзи – туку и со правилна исхрана, баланс и ментална сила. Токму затоа, нејзин неизоставен сојузник е Виталиа, која ѝ овозможува да биде во најдобра форма, пред и за време на натпреварите.

Но, ова е само почеток! Овој викенд, Вероника ќе настапи на Светската Премиер Лига во Кина, елитно натпреварување каде што учествуваат само најдобрите 32 каратисти во светот во своите категории.

Вероника вели дека секој натпревар бара од неа максимална физичка и ментална подготвеност. Да се има силен ум е подеднакво важно како и силно тело, а оваа филозофија се одразува во сè што прави таа секојдневно.

Она што го внесува во телото има исклучителна важност за перформансите, токму со производите на Виталиа се добива таа вистинската енергија и нутритиенти за да се биде на врвот, споделува Вероника. 

Нејзиниот успех не е само тоа што е каратистка туку таа е и инспирација за сите оние кои што се стремат кон спортски или животни успеси. Вистинските шампиони не се само во рингот, туку и во секојдневните одлуки да се води здрав и балансиран живот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк