Connect with us

Македонија

Хаос на бензинска пумпа: 42-годишник во бес нападнал и кршел!

Published

on

Четириесет и двегодишен кумановец бил приведен викендов под сомнение дека физички нападнал две лица и оштетил инвентар на бензинска пумпа.

– На 19.01.2025 во 23.04 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бензинска пумпа на улица „Ѓорче Петров“, Т.А.(42) од Куманово физички ги нападнал Д.С.(31) и М.С.(28) од село Тромеѓа, кумановско и оштетил дел од инвентарот, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението на СВР Куманово, против Т.А. ќе следува соодветен поднесок.

Македонија

Инцидент во судските простории: Осуденик од Идризово нападнал затворски службеник

Published

on

Вчера во просториите на судско одделение во болница во Карпош, вработен во затворот Идризово бил физички нападнат од осуденикот А.В.(21) од Кичево, кого го обезбедувал.

Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР во дневниот билтен.

Continue Reading

Македонија

Драма на Попова Шапка: Приведен маж поради агресија кон полицијата

Published

on

На 19.01.2025 во 10.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го привеле Е.И.(31) од с.Орашје затоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Чорапи за сите сезони: Косовец уловен со 48.000 пара на Блаце

Published

on

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против фирма од Косово со подружница во Скопје и нејзиниот управител за кривично дело – Криумчарење од член 278 од Кривичниот законик, соопштува ОЈО.

На 16 јануари, обвинетиот косовски државјанин се обидел да избегне царинска контрола, така што во камионот со косовски регистарски ознаки кој пренесувал стока за правното лице преку граничниот премин Блаце биле ставени вкупно 48.000 пара чорапи кои не биле наведени во фактурите и во царинската декларација. Царинските службеници при проверка ја пронашле и ја одзеле недекларираната стока во вкупна вредност од 365.280 денари, стои во соопштението.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк