Connect with us

Спорт

Македонија во главната фаза на СП во ракомет – ова е распоредот

Published

on

Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман во главната фаза на Светското првенство кое се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка. Со овој успех, „црвено-жолтите“ ќе одиграат уште најмалку три натпревари на овој Мундијал.

Во следната група, Македонија ќе пренесе еден бод. Првиот натпревар од главната фаза е против Австрија и ќе се одигра во вторник (21 јануари). Следниот предизвик е мечот против Катар, закажан за четврток (23 јануари), додека завршниот дуел е против фаворитот Франција во сабота (25 јануари).

Франција во оваа фаза влегува со четири бодови, Австрија со два, додека Катар нема бодови. Сите натпревари ќе се одиграат во Вараждин.

Распоред на натпреварите на Македонија:

  • 21 јануари (вторник): Македонија – Австрија
  • 23 јануари (четврток): Македонија – Катар
  • 25 јануари (сабота): Македонија – Франција

Со поддршка од верната македонска публика, репрезентацијата се подготвува за нови предизвици и ќе се обиде да остави уште посилен впечаток на овој престижен турнир.

Спорт

Лазаров: Не’ очекуваат тешки борби

Published

on

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров даде првична оценка за настапот на „црвено-жолтите“ во првата фаза на 29. Светско првенство.

Лазаров смета дека треба да се задоволни со победата, но секако можеле подобро.

-Промашивме 20 шутеви од кои 15-16 чисти зицери. Со поквалитетен противник нема да победиме ако промашуваме толку.  Добро е што ги поштедивме Митревски, Пешевски, Митев. Допрва тешки борби не’ оечкуваат, ни треба енергија. Жалиме за бодот со Унгарија, одиме да се подготвуваме за Австрија, вели селекторот.

Стручниот штаб утре ќе анализира и планот за следните натпревари ќе го презентира пред играчите.

И селекторот и репрезентативците ја очекуваат поддршката од навивачите и за следните натпревари.

Во Главната рунда Македонија ќе игра против репрезентациите на Франција, Австрија и Катар.

Според распоредот, следниот натпревар Македонците ќе го играат на 21 јануари исто така во Вараждин, со голема веројатност против Австрија.

Continue Reading

Спорт

Кузмановски МВП на натпреварот против Гвинеја

Published

on

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски е прогласен за играч на натпреварот против Гвинеја.

Македонија славеше со 29:20. Со овој триумф избраниците на селекторот Кирил Лазаров обезбедија пласман во Главната групна фаза на Мундијалот 2025.

Најефикасни во победничкиот тим беа Филип Кузмановски со 12 голови, Ненад Костески даде три, Игор Ѓргиев и Павле Атансијевиќ погодија по три пати.

„Црвено-жолтите“ со три освоени бода ќе бидат втори или трети на табелата.

Во Главната рунда Македонија ќе игра против репрезентациите на Франција, Австрија и Катар.

Според распоредот, следниот натпревар Македонците ќе го играат на 21 јануари исто така во Вараждин, против Австрија или Катар во зависност од резултатот на вечерашниот натпревар меѓу Унгарија и Холандија.

Continue Reading

Спорт

Македонија триумфално ја совлада Гвинеја и обезбеди пласман во главната фаза!

Published

on

Македонската ракометна репрезентација успешно ја исполни својата задача и се пласираше во главната групна фаза на Светското првенство, кое се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка. Во решавачкиот натпревар од третото коло во групата Ц, нашите ракометари ја совладаа селекцијата на Гвинеја со убедливи 29-20 (14-10) и како третопласирани од групата обезбедија место меѓу 24-те најдобри репрезентации на турнирот.

Селекторот Кире Лазаров направи неколку промени, вклучувајќи го и дебито на Карасманакис, кој го замени Митев. Натпреварот започна динамично, со водство на Гвинеја од 2-0, но брзо следуваше одговорот на Македонија, предводен од Кузмановски и Лазаревски. Првото водство нашите го обезбедија во седмата минута (2-3), а играта се стабилизираше со одбрани на Кизиќ и прецизни акции на Ѓорѓиев и Атанасијевиќ, кои донесоа водство од 14-10 на полувремето.

Во второто полувреме, Македонија ја зацврсти предноста со голови на Кузмановски и Лазаревски. Со одлични интервенции на Кизиќ, разликата порасна на девет гола (20-11) во 39. минута, а тимот на Гвинеја се соочи со замор и неможност да го одржи темпото. Со ротации во составот, македонскиот стручен штаб настојуваше да обезбеди што посилен завршеток, но и покрај обидите, натпреварот заврши со резултат 29-20.

Најефикасен во нашиот тим беше капитенот Кузмановски со 12 погодоци, додека Костески постигна четири. Одбраните на Кизиќ, кој запиша 15 успешни интервенции, беа од клучно значење за оваа победа. На противничката страна се истакна Паске со три гола.

Следниот предизвик за Македонија ќе биде натпреварот против Австрија во вторник, со кој ќе ја започнеме главната фаза во Вараждин.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк