Connect with us

Македонија

Двојазичноста се става под контрола?

Парламентарното мнозинство на денешната 31. седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, кој повторно се најде пред пратениците.  Пред крајот на минатата година претседателката Гордана Сиљановска Давкова му стави вето, односно, не го потпиша указот за прогласување на законот, затоа што има недоследности со Уставот.

Законските измени се однесуваа на тестирањето и лиценците за негуватели во градинките, а со кои беше предвидено да се двојазични. Сиљановска Давкова сметаше дека ова е неуставно, по што владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди направија измени со кои документите ќе бидат на македонски јазик, а по барање и на друг јазик на кандидатот.

Измените денеска беа изгласани со 65 гласа „за“, а „против“ гласаа 17 пратеници. Законот го доби и потребното Бадентерово мнозинство, односно за измените „за“ гласаа 12 пратеници од немнозинските заедници, а 6 беа „против“.

За овој закон беа поднесени вкупно 6 амандмани, од кои 4 од СДСМ и од Левица, кои беа отфрлени, а двата поднесени од коалициските партнери од власта ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, поминаа.

По донесувањето на измените на законот, претседателката на државата е должна да го потпише указот за негово прогласување.

Решението кое го прифати мнозинство вели дека тестирањето и лиценците за работа во детските градинки се врши и се издаваат на македонски јазик, а доколку кандидатот побара, да биде издадена и на албански јазик, односно на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од населението.

– Лиценцата се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а доколку подносителот на барањето зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија, на неговото барање му се издава на македонски јазик и на неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборува и неговото писмо – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

Ваквата формулација не беше прифатлива за опозициската ДУИ, од каде што сметаат дека лиценците по автоматизам треба да бидат и на албански јазик.

– Јас како претставник и како Албанец имам право по автоматизам да му се обратам и да влезам на испитот и на мојот јазик. Како што е фактот со личните документи, ние не направивме посебно барање – рече пратеникот на ДУИ, Талат Џафери.

Од СДСМ преку амандманите бараа целосно да се избришат членовите што се однесуваат на тестовите и лиценците. Овие амандмани не поминаа, а не поминаа ниту амандманите на Левица кои од собраниската говорница прашаа зошто лиценците да не се издаваат и на турски, влашки, ромски, српски и бошњачки јазик .

– Македонија не е двојазична земја. Во Македонија службени јазици со ограничена употреба, со цел нивна регионална заштита се и турски, ромски, влашки, албански, српски и бошњачки јазик и затоа форсирање да се издаваат двојазични лиценци само на македонски и албански јазик е спротивно на амандманот 5 од Уставот и не е со цел заштита на албанскиот јазик, туку е во функција на дезинтеграција на македонското општество – рече пратеникот на Левица, Сашко Јанчев.

Advertisement

Македонија

Ледени утра ни претстојат: Температурите паѓаат до -8 степени

Македонија денеска е под влијание на влажен бран со облачно време и повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од петок се очекува стабилизирање на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во почетокот на следната недела утрата ќе бидат ведри, но многу студени, со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.

Најниските утрински температури се предвидуваат во недела и понеделник, кога на места ќе достигнат и до -8 степени. Дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст, достигнувајќи до 10 степени.

Continue Reading

Македонија

Тошковски сооошти дали ќе има толеранцијата на камерите „Сејф Сити“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за „Топ Тема“ на Телма изјави дека камерите од системот „Сејф Сити“ ќе имаат исти отстапки како што се применуваат кај полициските радари.

Според министерот, за брзини до 100 км/ч ќе важи толеранција од 6 км/ч, за брзини над 100 км/ч – 8 км/ч, а за брзини над 200 км/ч – 12 км/ч.

Тошковски нагласи дека овие толеранции се однесуваат само на сообраќајни прекршоци, додека во случаи на кривични дела поврзани со сообраќајот, толеранција нема да се применува.

Continue Reading

Македонија

Сали и Хоџа нови министри: ВЛЕН најавува засилени реформи и европски курс

Со изборот на Беким Сали за прв вицепремиер и министер за европски прашања и Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање, коалицијата ВЛЕН јасно го поставува правецот на своето делување – кон реформи, кон Европа и кон држава што работи во интерес на граѓаните.

Именувањето на Беким Сали претставува потврда за политички профил со интегритет, искуство и визија. Како пратеник, Сали важеше за еден од најактивните и најконструктивните гласови во Собранието, со иницирање и поддршка на конкретни законски решенија во интерес на граѓаните и унапредување на институционалните стандарди. Во новата улога како прв вицепремиер и министер за европски прашања, тој ја презема одговорноста за една од стратешките определби на ВЛЕН и на Владата – европскиот пат на државата. Со лидерство, професионалност и решителност, Сали ќе работи на интензивирање на реформите и враќање на довербата дека европската интеграција е реален, мерлив и неповратен процес.

Подеднакво значајно е и именувањето на Мухамет Хоџа на чело на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во период кога заштитата на животната средина, уредувањето на урбаниот простор и одржливиот развој се меѓу клучните предизвици, овој ресор бара сериозна работа, стручност и храбри одлуки. Од ВЛЕН истакнуваат дека веруваат оти Хоџа ќе го води секторот одговорно, ставајќи го јавниот интерес пред секоја друга сметка и носејќи политики што ќе ја заштитат животната средина, ќе го уредат просторот и ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Според ВЛЕН, овие именувања јасно покажуваат дека коалицијата промовира кадри кои работат, а не само зборуваат, кои спроведуваат реформи, а не импровизираат, и кои државата ја гледаат како сервис за граѓаните, а не како партиска сопственост. Со Беким Сали и Мухамет Хоџа на овие клучни позиции, Владата добива нова енергија, јасна европска ориентација и капацитет за конкретни резултати.

Во соопштението, ВЛЕН повторува дека останува посветена на длабоки реформи, европска интеграција и градење институции кои работат со чесност, транспарентност и одговорност.

На крај, од коалицијата изразуваат почит и благодарност до досегашните министри Орхан Муртезани и Изет Меџити за нивниот значаен придонес, одговорното раководење и коректната соработка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг