Connect with us

Инфо +

Мицкоски во Вашингтон на средба со претставници на „Македонија 2025“

Published

on

Мицкоски присуствуваше на инагуруацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а оствари средби и со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД, се сретнал со претставници на организацијата „Македонија 2025“. За оваа средба, Мицкоски информираше на Фејсбук.

– Во Вашингтон, на средба со Македонија 2025, ја истакнуваме нашата посветеност кон подобра иднина. Без разлика дали сме дома, во Европа или во САД, борбата секогаш е насочена кон создавање подобри услови за живот и посигурна иднина за сите, напиша Мицкоски во објавата.

Мицкоски присуствуваше на инагуруацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а оствари средби и со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.

Инфо +

Мицкоски- Пејкоф: Инвестициите на Нијагара Ботлинг се добредојдени, а македонската дијаспора е клучен елемент во системот

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски оставри средба со Ендру Пејкоф, американски бизнисмен со македонско потекло, основач и Претседател на Нијагара Ботлинг, компанија која има годишен приход од околу 4 милијарди американски долари и околу 5000 вработени.

-Исклучително срдечен разговор со Ендру Пејкоф, канадски бизнисмен со македонско потекло, основач и Претседател на Нијагара Ботлинг, компанија која има годишен приход од околу 4 милијарди американски долари и околу 5000 вработени. Компанијата е основана во 1963 година и денес е најголема компанија на американскиот пазар од оваа област.

Инвестициите на Нијагара Ботлинг во Македонија се добредојдени. Македонската дијаспора е клучен елемент во системот, нашиот глас и аргументи да бидат појасни и посилни во Светот. Обновуваме но и создаваме нови можности и партнерства со секој што може да помогне Македонија да биде повторно горда и ваша!, пишува Мицкоски на Фесјбук.

Continue Reading

Македонија

ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА БИТОЛА!

Published

on

На денешната седница на Влада усвоивме одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор ќе се продаваат по реални цени

📌 65 стана ќе се продаваат по 1000 евра за метар квадратен
📌 11 дуќани по 2000 евра за метар квадратен
📌 71 паркинг место по 500 евра за метар квадратен

Со ова вршиме интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото на зголемувањето на цени на станови!

👉 Очекувам исти или слични активности и во други општини во периодот што следи

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николовски, напиша на својот Facebook профил.

Continue Reading

Македонија

Нова измама: Маж измамил тетовчанец дека му стигнале огромни пари на сметка, но морал прво да внесе пари

Published

on

Вчера во 17.00 часот во Полициското одделение Групчин, 58 – годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од В.П. за сума од 153.577 денари.

Според пријавеното, на 18.01.2025 лицето му се јавило и го известило дека на неговата сметка има прилив од 17.000 долари и доколку сака да ги подигне треба да внесе пари.

Како што е пријавено, на 20.01.2025 на неговата сметка ги ставил парите, по што лицето повторно му се јавило и му ги побарало корисничкото име и лозинката од мобилната апликација. Исто така, според пријавеното, откако после тоа не можел да пристапи на апликацијата од банката бил известен дека нема никаков прилив и дека парите биле подигнати.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк