Connect with us

Македонија

МОЖЕТЕ ДА ПРОДАДЕТЕ И ВОЕНА ТАЈНА ШТОМ РАЗВИВАТЕ ВИСОКА КОРУПЦИЈА ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА Во НАТО и во САД не сакаат корумпирани, ДУИ е пред предизвик да докаже во што верува

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски вели дека по присуство на премиерот Мицкоски на инаугурацијата на претседателот на САД во Вашингтон, никој не може веќе да жонглира со тезите за антиамерикаризам и го повика ДУИ да пресане да манипулира со злоупотребата на термините русофилија, албанофобија, проамерикански, антизападни, антиамерикански и слично.

Присуството на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон на чинот на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е успех за македонската дипломатија, за актуелното политичко раководство и за државата, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

– Ова присуство на премиерот Мицкоски на инаугурацијата на претседателот на САД во Вашингтон дефинитивно ја фрла во сенка предизборната теза на ДУИ, „За Европа, против Русија“. Се гледаше дека тој измислен слоган е параван зад кој се криеја можеби незаконитости направени од ДУИ, кои сакаше да ги покрие со некаква поларизација и со стигматизација дека некој е вечно прозападен, а некој вечно стигматизиран дека размислува на некој поинаков начин – рече Милошоски во гостување на ТВ Алфа.

Никој не може веќе да жонглира и да манипулира со таквите тези за антиамерикаризам, за авторитаризам, додаде Милошоски.

– Сметам дека во овој случај ДУИ е пред предизвик да докаже во што верува. Владата докажа пред народот со добиената доверба за што се залага и со овие меѓународни активности доби потврда и на меѓународен план за своето ниво на репутација во Вашингтон, Берлин, во Брисел и на други места. Сега ДУИ треба да се докаже кои се нејзините вредности. И во врска со тоа што го зборуваа против Русија, за Европа, да докажат дали во Европа еден доскорешен вицепремиер би бегал од правосудните органи доколку е чист како солза и дали долгогодишниот градоначалник на ДУИ во Струга, кој се најде во црната листа на САД, исто е чист како солза – рече Милошоски.

Според Милошоски, за ДУИ треба да помине еден период за здраво да се трансформира.

– Треба да заборави на тие поларизирања, за злоупотребата на термините русофилија, албанофобија, проамерикански, антизападни, антиамерикански и слично. Да си се погледне во огледало и да си види кои се клучните грешки во изминатите 20 години и што може за себе да направи за да ја фрли од себе онаа перцепција и индиции за вмешаност во висока корупција и сериозен криминал – рече тој.

Ако сакате да бидете сериозен сојузник во НАТО тогаш мора да посветите многу големо внимание на владеење на правото, потенцира Милошоски.

– Бидејќи, ако корупцијата може на највисоко ниво да ја развиете во државна лотарија, тогаш може да ја пренесете и во АРМ и да продадете некоја државна тајна, што е штетно не само за Македонија, туку и за целата Алијанса. И затоа мислам дека ДУИ треба да се преиспита, да реформира и малку да погледне внатре во своите редови, за да си направи прочистување на тие редови – порача Милошоски.

Тој истакна дека ставањето личности на црната листа на САД е силно испратена порака до ДУИ.

– Тоа беше силна порака до ДУИ дека незаконитото работење или вмешаноста во висока корупција, за што има сериозни индиции, не може да се покрие со европско знаменце или со американско знаменце. Поминаа тие времиња кога реточки се кажуваше дека сте за Америка, за Британија, за Европа, за НАТО и слично, а во позадина да работите спротивно на тие вредности и да ја осиромашувате државата, да ги слабеете институциите кои губеа доверба кај граѓаните и со самото тоа да назадува целата држава на штета на сите граѓани. Оваа порака беше токму и до ДУИ и до другите политички субјекти дека во следниот период ќе се ценат многу работи, но најмногу ќе се цени сериозниот ангажман во борбата за владеење на правото, што е дел од приоритетите на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери – заклучи Милошоски.

Advertisement

Македонија

Николоски најави иновативни инженерски решенија за автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на 14 ќе се врши стабилизација со таканаречени галерии – метод што досега не е применет ниту во Македонија, ниту во поширокиот регион.

Според Николоски, ваквиот пристап ќе обезбеди долгорочна безбедност и стабилност на трасата, ќе ги намали ризиците од одрони и ќе овозможи конечно завршување на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во земјава. Проектот, како што нагласи, ќе придонесе за побрзо и побезбедно поврзување на југозападниот дел од државата и за зголемен економски и туристички развој.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Македонија

Анита Тополова-Исајловска ја презема функцијата на државен јавен обвинител

Анита Тополова-Исајловска ќе ја преземе функцијата вршител на должноста државен јавен обвинител, откако Љупчо Коцески поднесе неотповиклива оставка.

Советот на јавни обвинители денеска едногласно ја избра Тополова-Исајловска, која беше единствениот предлог за оваа клучна позиција во обвинителството. Таа доаѓа од местото заменик јавен обвинител, носејќи со себе искуство и континуитет за највисоката јавна функција во обвинителската служба.

Continue Reading

Македонија

Расте бројот на заболени од грип во Македонија

vila

Во периодот од 8 до 14 декември, здравствените власти регистрираа вкупно 126 случаи на грип и заболувања слични на грип во Република Северна Македонија. Ова претставува алармантно зголемување од 31,3% во споредба со претходната недела, што покажува дека сезоната на грип полека, но сигурно ја зазема својата динамика.

Епидемиолозите предупредуваат на потребата од зголемена внимателност, редовно миење на рацете и избегнување на големи групи луѓе, особено за ранливите категории – децата, постарите и хронично болните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг