brza pomos

Ученик падна од трет кат во училиште – пренесен на Клиниката за детска хирургија

Ученик падна од трет кат во училиште во Прилеп – пренесен на Клиниката за детска хирургија

Ученикот од прилепската болница, итно е испратен и хоспитализиран во Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност вели директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски.

Според него детето има повреда на пршлените и скршеници на петиците на нозете.

Според информациите на Канал 5 несреќата се случила во втората смена на големиот одмор кога сите ученици биле излезени во дворот.