Connect with us

Инфо +

Радев очекува Македонија да покаже политичка волја со која ќе го отвори својот пат кон ЕУ

Претседателот на Бугарија Румен Радев, оствари телефонски разговор со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Двајцата разговараа за аспектите на евроинтегративниот процес на земјите од регионот. Румен Радев и Мирослав Лајчак го истакнаа приоритетот што Европската комисија го става на темата за проширување на ЕУ, што му овозможува на Западен Балкан да напредува во исполнувањето на критериумите за членство.

Претседателот Радев изрази благодарност за напорите на Мирослав Лајчак кон европската интеграција на земјите од Западен Балкан и изрази надеж дека во блиска иднина раководството на Република Северна Македонија ќе покаже политичка волја за спроведување на европскиот консензус од 2022 година. поточно вклучување на Бугарите во нејзиниот устав, што би го отворило патот за земјата да ги започне преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Advertisement

Свет

Американски Конгрес: Корупцијата и странското влијание ја кочат европската перспектива на Балканот

Зависноста од руските енергенси, зголеменото влијание на Кина и широко распространетата корупција се идентификувани како клучни пречки за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, се наведува во Законот за овластување за национална одбрана на САД, усвоен од Конгрес на САД, кој треба да го потпише американскиот претседател Доналд Трамп.

Во делот посветен на регионот, документот јасно посочува дека САД нема да поддржат политики што поттикнуваат територијални размени, поделби или прецртување на границите по етнички линии, како и дека ќе се спротивстават на, како што се наведува, злонамерните политики на Русија и Кина во Западен Балкан. Вашингтон ја потврдува и својата поддршка за евроатлантската интеграција, демократскиот развој и економската стабилност на земјите од регионот.

Во законот се предупредува дека растечкото кинеско влијание може негативно да се одрази врз демократијата, стратешката конкуренција и економската интеграција со Европа. Се нагласува дека САД и земјите од Западен Балкан имаат заеднички интерес за стабилен и одржлив економски развој и спречување на повторна ескалација на етнички тензии.

Документот предвидува и можност за воведување санкции против поединци или политики што го загрозуваат мирот, безбедноста или територијалниот интегритет на која било земја во регионот. Посебен акцент е ставен на корупцијата, која се оценува како една од најсериозните пречки за политичкиот и економскиот напредок.

Според законските одредби, претседателот на САД може да воведе санкции во рок од 90 дена од стапувањето во сила на законот против секое странско лице за кое ќе се утврди дека било вклучено во коруптивни активности поврзани со Западен Балкан, вклучително и актуелни или поранешни јавни функционери.

Во документот се изразува и длабока загриженост за состојбата на демократијата во Србија по последните изборни процеси, како и за потребата од напредок во спроведувањето на договорите меѓу Белград и Приштина. Дополнително, се нагласува значењето на продолжувањето на мисијата на ЕУФОР во Босна и Херцеговина.

Continue Reading

Свет

Инцидент со огнено оружје во Њујорк: Ранети тројца полицајци по семејна расправија

Тројца полициски службеници се здобиле со повреди, а осомничениот напаѓач е прогласен за мртов по сериозен инцидент со огнено оружје во градот Рочестер, сојузната држава Њујорк.

Според информациите, инцидентот започнал како семејна расправија, која ескалирала во насилна конфронтација што се проширила на неколку улици во градот. Полицијата интервенирала по пријава, при што дошло до пукање.

Како што пренесува Асошиејтед Прес, покрај тројцата полицајци, повреден е и уште еден маж. Засега нема информации за тежината на повредите, а надлежните органи спроведуваат истрага за целосно расветлување на настанот.

Continue Reading

Балкан

Тешка несреќа на Дурмитор: Турист загина по пад од жичара, жена тешко повредена

Трагичен инцидент се случи денеска на ски-центарот Савин Кук на Дурмитор, кога две лица – странски туристи – паднале од корпа на ски-лифт, при што едно лице го загуби животот, а друго се здоби со тешки повреди.

Несреќата се случила на жичара број два, во стрмниот втор дел од трасата што води кон Савин Кук. Според првичните информации, загинал маж, додека повредената жена е во свесна состојба и комуникативна.

На терен се ангажирани спасувачки и надлежни служби, кои вршат увид и ја утврдуваат причината за инцидентот. Првичните сознанија укажуваат на можен технички дефект во вториот дел од жичарата, по што корпата во која се наоѓале туристите започнала да се движи наназад.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг