Connect with us

Инфо +

Фетаху: Вистината била и е една, независно од потребата на многумина кои сакале да ја избришат. Ние сме биле и сме горди Македонци!

По назначувањето за координатор на Македонското друштво Илинден-Тирана за областа Голо Брдо, Фатри Фетаху упати благодарност до преседателот и до раководството на Македонското друштво Илинден-Тирана.

Во својата порака наведува „изразувам голема благодарност за повторно искажаната доверба, по втор пат, да бидам преставник на Македонското друштво Илинден-Тирана за нашиот регион Голо Брдо. Чест и задоволство ми е да ја извршувам дејноста како кординатор за Голо Брдо и ветувам дека чесно и достоинствено ќе ги застапувам интересите на нашите сограѓани во секој аспект.

Верувам дека заеднички и сплотени ќе се избориме со сите неправди кои нѝ се извршени. Време е да кажеме: Доста е! На сите оние кои ни наштетувале и се обидуват да ни наштетат. Живееме во демократија, во време кога секој поединец може да го изрази свото чувство за нацијата кон која припаѓа, верата кон која припаѓа.

Во 21 век срамно е некому да му се наметнуваат и насилно да се бара да се изјаснува поединецот онака како што бараат други. Верувам и повикувам сите жители на Голо Брдо, не само да се чуствуваате како горди Македонци туку и слободно да се изјасните како горди Македонци. Тоа нѝ е наследство од нашите предци и иднина за нашите потомци. Секој кој што ќе ве убедува дека тоа не е така, дека ќе има последици или закани ако се изразите за Македонци се плаши од нашата богата и долга македонска историја. Да не подлегуваме и да не дозволиме да ни подметнат фалсификат!!! Вистината била и е една, независно од потребата на многумина кои сакале да ја избришат. Ние сме биле и сме горди Македонци! – стои во изјавата на Фатри Фетаху, дипломиран економист, жител на село Требиште, областа Голо Брдо.

Фатри Фетаху е роден во село Требиште, област Голо Брдо, а од 2015 година е член на Mакедонското друштво Илинден-Тирана, активист на македонското национално малцинство во областа Голо Брдо. Од 2019 до 2021 година бил подпретседател на Mакедонското друштво Илинден-Тирана – Огранок Голо Брдо, и од 2021 до 2024 претседател на Mакедонското друштво Илинден-Тирана“ Огранок Голо Брдо и дописник на Македонскиот весник “Илинден“. За својата ангажираност Фетаху, во 2016 година, беше добитник на благодарница “Илинден“ која традиционално се доделува од Mакедонското друштво Илинден-Тирана.

Advertisement

Свет

Хаос на европските аеродроми по воведувањето на новиот Шенген систем

Воведувањето на Шенген системот за влез и излез (EES) на 12 октомври 2025 година предизвика сериозни проблеми на аеродромите во Европа, при што патниците во периоди на зголемена фреквенција чекаат и до три часа за да поминат гранични контроли, соопшти Европскиот оддел на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI).

Оттаму велат дека прогресивното снимање на биометриски податоци и регистрација на државјани од трети земји ја зголемуваат обработката на патниците до 70%, а недостигот на киосци и полициски кадар дополнително ја усложнува ситуацијата. Најзасегнати се аеродромите во Франција, Германија, Грција, Исланд, Италија, Португалија и Шпанија.

ACI повикува Европската комисија, eu-LISA, Фронтекс и земјите-членки итно да преземат мерки или да овозможат поголема флексибилност во примена на системот до целосното воведување. Генералниот директор на ACI EUROPE, Оливие Јанковец, предупредува дека доколку проблемите не се решат пред зголемувањето на прагот за регистрација на 35% од 9 јануари, хаосот на аеродромите ќе се продлабочи, со сериозни последици по безбедноста и оперативноста.

Continue Reading

Свет

Украински дронови предизвикаа штета на руската нафтена инфраструктура во Таман

Украински беспилотни летала го погодиле руското пристаниште Таман во Црното Море, при што биле оштетени две пристаништа, еден цевковод за снабдување со мазут и два танкера, соопшти регионалната администрација на Краснодарската област. На едниот танкер избувнал пожар кој веќе е изгаснат, а два резервоари за складирање биле оштетени од падот на остатоци од дрон.

Службите за цивилна заштита информираат дека екипажите на погодените бродови се евакуирани, а пожарите се целосно изгаснати. Пристаништето Таман се смета за клучна точка за испорака на нафта и течен природен гас.

Украина зачестено ги напаѓа руските нафтени и енергетски објекти како дел од својата одбрана од руската инвазија.

Continue Reading

Балкан

Косово доби моќно оружје

Косово го примило германскиот противтенковски систем „Панцерфауст 3“ како дел од билатералната безбедносна соработка, објавија косовските медиуми. Испораката има за цел зајакнување на одбранбените капацитети на Косовските безбедносни сили (КБС) и нивна постепена модернизација во согласност со стандардите на евроатлантските партнери.

Косовските власти потенцираат дека системот ќе се користи исклучиво за одбранбени цели и професионална обука. „Панцерфауст 3“ е еден од најнапредните противтенковски системи што ги користат неколку европски армии. Договорот со Германија се оценува како дополнителен доказ за поддршката на Берлин за стабилноста и безбедноста во регионот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг