Connect with us

Македонија

Нов современ дигитален систем за прием, поставени монитори за повик на пациенти и бар-код читачи за скенирање на упатите

Published

on

Изминатиот период Универзитетски институт – Клиничка биохемија презема низа активности за реорганизирање и подигнување на степенот на здравствена услуга за пациентите и евидентно е променета сликата во оваа јавна здравствена установа.

„Покрај обезбедување најсовремена апаратура од неколку различни реномирани произведувачи, Клиничка биохемија иницираше и воведе современ дигитален систем за нумериран редослед за прием на пациенти и поставени се монитори за повик на пациенти и информации. Исто така, набавени се бар-код читачи  за скенирање на упатите со што се забрзува процесот на регистрирање и прием на пациентите на шалтерите“, вели д-р Николина Гроздановска, директор на УИ Клиничка биохемија.

Д-р Гроздановска вели дека тимската работа е клучна и само заеднички може да се придонесе за унапредување на работата на здравствената установа.

„Изразувам посебна благодарност за сите здравствени работници кои даваат свој придонес за позитивните промени кои ги реализираме во интерес на пациентите. Наша заедничка цел е подигнување на квалитетот на здравствената услуга и подостоинствен третман за нашите пациенти, вели таа. За потсетување, во оваа установа набавена е најсовремена апаратура, реализирани се обуки за вработени со што скратено е времето за добивање здравствена услуга и прием на пациентот. Со новите иницијативи, новата организација и тимска работа, како и новата обезбедена апаратура од реномирани реномирани производители резултатот е видлив од самиот почеток при влезот на овој Универзитетски институт до добивањето на здравствената услуга, а бенефитот за пациентите е забрзување на процесот за прием, кој претходно беше просечно околу два часа, а со новата опрема овој временски период е максимум 15 минути“, вели таа.

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ по 20 години власт со 1 отсто морал и 100 отсто корупција

Published

on

ДУИ, партијата која 20 години се однесува како приватна фирма, изгледа почна да ги напаѓа сите освен идеолошкиот близнак Левица, од страв дека народот конечно ја сфатил нејзината игра. Изјавите на ДУИ се претворија во бледи дневни написи за партија која некогаш имала идеи, а денес има само криминал. Со 1 отсто морал стануваш 100 отсто корумпиран, велат од коалиција ВРЕДИ.

„ДУИ не треба да зборува за поддршка од народот кога самата преку уцени, корупција и заплашување создаваше илузија на моќ. Локалните избори ќе бидат крајот на ова раководство на ДУИ. Со 1 отсто транспарентност, стануваш 100 отсто мафија! ДУИ зборува за судовите? Но, кој ги направи судиите партиски слуги? Нивните министри заедно со Сашо Мијалков беа во комисијата за именување судии. Кој ги измислуваше тендерите? Кој ја зароби државата одполитичари со дебели банкарски сметки во Дубаи и Монако? Со 1 отсто срам стануваш 100 отсто авторитарен“, велат од коалицијата на албанските партии во власта.

Од ВРЕДИ прашуваат дали ДУИ тврди дека го брани Рамковниот договор од Охрид?!

„Нели тие ја политизираа администрацијата, вработуваа партиски војници, а квалификувани луѓе останаа без работа и принудени да емигрираат? Семејствата на функционерите профитираа, додека обичните граѓани заминаа да работат во Европа. Со 1 отсто вистина стануваш 100 отсто манипулативен! ДУИ зборува за ‘официјален статус на албанскиот јазик’? Тие самите го прифатија како јазик што го зборуваат имагинарен процент на луѓе. ДУИ го користи албанскиот јазик само за пропаганда, додека наставниците работат без средства, учениците немаат книги, а младите масовно ја напуштаат државата. Со 1 отсто демократија стануваш 100 отсто диктатор! ДУИ зборува за ‘вредности’, додека народот гледа како градат казина, уништуваат чесни бизниси и ја претвораат државата во оаза на криминалот. Додека патуваат со луксузни автомобили, луѓето бројат денари за да преживеат“, велат од ВРЕДИ.

Од колаицијата му порачуваат на ДУИ дека со 1 отсто визија, стануваш 100 отсто некомпетентен!

„Каков развој донесе ДУИ во областите каде што владее? Општините под нивна контрола се заглавени во долгови, без инфраструктура, без квалитетно образование и без инвестиции во младите. Единствениот развој што го овозможија е оној на нивните приватни бизниси. Со 1% одговорност стануваш 100% деструктивен! ДУИ зборува за Европа, но со години ги блокира евроинтеграциите поради нивните лични политички калкулации. Кога требаше да се донесат важни закони, тие беа зафатени со доделување државни тендери. Кога требаше да се борат против корупцијата, создадоа нови коруптивни шеми. ДУИ е првата албанска партија која зборува против западните партнери. Со 1 отсто искреност стануваш 100 отсто предавник на народот! ДУИ 20 години ја продава приказната за заштита на Албанците, но кој навистина имаше корист? Обичниот граѓанин или нивните бизнисмени? Народот живее во сиромаштија додека тие ги полнат џебовите. Ова не е заштита на Албанците – ова е предавство! ДУИ е политичка структура која знае само лаги, кражби и манипулации. Затоа денеска панично напаѓаат, бидејќи знаат дека им се ближи крајот! Локалните избори ќе бидат крајот на ова раководство на ДУИ“, велат од ВРЕДИ.

Continue Reading

Македонија

Еден загинат и петмина повредени во две сообраќајни несреќи, додека се вршел увидот за првата, влетал друг автомобил и повредил четворица полицајци

Published

on

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на експресниот пат во близина на Крива Паланка, каде вчера едно по друго се случија две сообраќајни несреќи.

Имено, најпрво автомобил “фолксваген голф” излетал од патот и се превртел, при што животот го загубил еден од сопатниците во автомобилот. Неговиот син и возачот се здобиле со телесни повреди.

Јавниот обвинител ги презеде сите дејствија за обезбедување на доказите и за испитување на причините за несреќата, а за починатиот е издадена наредба за обдукција.

Но, додека на лице место се преземале дејствијата за увид, на обележаната локација влетал друг автомобил, кој најверојатно според првичните сознанија поради неприлагодена брзина удрил во паркирано возило и телесно повредил четворица полициски службеници кои го вршеле увидот. Во сообраќајната несреќа потешко повредена е и сопатничката во автомобилот.

Јавниот обвинител постапува и презема дејствија за испитување на причините и за оваа несреќа.

Continue Reading

Македонија

Три авиони кружеа над Скопје, беа препратени кон Приштина и Софија

Published

on

Авионот од Варшава, Анталија и Меминген кружea над скопскиот аеродром и не можеa да слетаат поради лоши временски услови, односно густа магла, попладнево.

Во моментов има информација дека летот од Анталија дека е пренасочен кон Измир, летот од Меминген кон Приштина, а летот од Варшава се враќа назад.

Авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден беа пренасочени и првиот слета во Приштина, а вториот во Софија. Авионот на „Лот“ од Варшава, пак, се врати назад кон Полска.

Досега се откажани и летовите за Малме и Истанбул.

Најновиот METAR извештај за аеродромот Скопје (LWSK) од 25-ти јануари во 15:50 UTC покажува дека временските услови и понатаму се неповолни за воздушниот сообраќај, со значително намалена видливост и присуство на густа магла.

Детали од извештајот:
Ветер: Променлив слаб ветер (VRB) со брзина од 1 јазол.
Видливост: Хоризонталната видливост е намалена на само 300 метри.
Видливост на пистата: Пистата 34 има видливост од 300 метри, без промени (N = No Change).
Магла: Густа магла (FG) продолжува да го доминира воздушниот простор.
Облаци: Потполна облачност (OVC) на многу ниска висина од 100 стапки.
Температура: 5°C, точка на росење 4°C, што укажува на висок степен на влажност.
Атмосферски притисок: 1022 хектопаскали, со стабилни услови.
Прогноза: Нема значителни промени во временските услови (NOSIG).

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк