Connect with us

Македонија

Оштетени гумите на три возила на Националниот парк Шар Планина

Published

on

Оштетени гуми од тркалата на три возила, забележале вработените во Јавната установа Национален Парк Шар Планина пред два дена. 

Тие објавија и фотографии од оштетувањата и упатија неколку прашања до сторителите преку Фејсбук профилот.

Не знаеме кому му пречат успесите на Националниот парк Шар Планина, на кој на 22 јануари 2025 година, во просторот на паркингот на Националниот парк „Шар Планина“, се случи еден згрозувачки и вандалски чин, при што беа оштетени возилата, конкретно гумите на три автомобили: едно службено возило, едно возило на еден гостин и приватното возило на еден од вработените. Со какви активности, покрај нашата неуморна работа, можевме да провоцираме еден таков вандалски чин од страна на злонамерници?! Сепак, ваквите дела само дополнително ги мотивираат претставниците од ЈУНП Шар Планина во заштитата на природата, развојот на регионот и борбата против непријателите на природата, се вели во објавата на НП Шар Планина.

Од оваа установа информираат дека надлежните органи се запознаени со случајот со надеж дека нема да се повтори.

Македонија

Димовски: Знаеме по кои улици оди протестот во Белград, ама не знаеме каде се наоѓа во Македонија градот Пазар. Чудно, нели?

Published

on

Поранешниот пратеник Илија Димовски ја коментира преокупираноста на македонските граѓани со протестите во Србија деновиве.

Дечки, целта за формирање на независна држава беше да олабават и они од нас, и ние од Белград. Некако не ни оди? 

Знаеме по кои улици оди протестот во Белград, ама не знаеме каде се наоѓа во Македонија градот Пазар, на пример. Чудно, нели?“, прашува Димовски во објава на Икс, мислејќи на градот во средишниот дел од Егејска Македонија, познат и како Ениџе Вардар, преименуван во Јаница од грчката држава.

Continue Reading

Македонија

Специјалните полициски единици спасија две момчиња од водите на Мавровското езеро (ВИДЕО)

Published

on

Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР), САЕ Тигар, ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ и локални жители успешно извлекоа две лица од Мавровско Езеро, на кои им се превртел чамецот. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), извлечените лица се наоѓаат во возилото на итната медицинска помош.

Претходно, ЦУК соопшти дека полицискиот хеликоптер со тим од САЕ Тигар, опремен со чамец, се упатил кон двете лица кои се потпирале на нивниот превртен чамец.

Од ЦУК истакнуваат дека двете лица успеале да го превртат чамецот и да го вратат во нормална позиција, по што успеале повторно да се качат во чамецот и чекале да бидат извлечени од тимот на САЕ Тигар.

„Благодарност до храбрите припадници на Одделот за воздухопловни единици и САЕ „Тигар“, како и на сите други кои со брза и решителна акција денес успеаја да спасат две момчиња од водите на Мавровското Езеро“, напиша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Ова е уште една потврда дека полицијата е тука за граѓаните во секоја ситуација и подготвена е да реагира и во случаи на сложени спасувачки акции.

Погледнете го видеото

Continue Reading

Македонија

СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат

Published

on

Опозициската СДСМ утре избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори.Одговарајќи на новинарско прашање дали има некаков револт кај членството што не се пријавил никој друг кандидат, Филипче истакна дека немало и смета дека тоа е одраз на консолидацијата на партиското членство на кое што тој, како што рече, интензивно работел во изминатиов период.

-Не, напротив. Сметам дека тоа е одраз на консолидацијата на партиското членство на кое што јас интензивно работев во изминатите девет месеци. Веќе се пријавени поголем број на гласачи, се регистрираа за гласање отколку во претходниот циклус. И тоа што имаме интензивни средби на ниво на сите општински организации и состаноци на кои доаѓаат огромен број на членови кои до пред некое време едноставно покажувајќи револт не се појавуваа на тие состаноци, а сега се присутни, присуствуваат, сугерираат, учествуваат во процесот на градење на политики. Тоа за мене е само еден знак дека консолидацијата е веќе настаната и ние продолжуваме во следниот период да се спремаме за локалните избори кои што ќе дојдат наесен, рече Филипче

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк