Connect with us

Скопје

Тепачка на автобуска станица во Скопје

Published

on

Вчера среде бел ден околу 15.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автобуска станица во центарот на Скопје поради недоразбирање се тепале четири лица.

„Поради недоразбирање настанала физичка пресметка помеѓу Н.Ј.(20) од Струга и Н.И.(20) од Скопје од една страна и двајца малолетници од село Јаболци, скопско, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се вели во полицискиот билтен. 

Скопје

АПСЕЊЕ ВО СКОПЈЕ: Нападнат полицаец пред ноќен клуб

Published

on

Денеска во 01.40 часот во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода И.Б.(49) од Скопје откако нападнал полицаец во скопски Аеродром.

Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот против И.Б. ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Скопје

Пожар во угостителски објект во Скопје

Published

on

Пожар изби во угостителски објект во скопски Карпош. 

– На 23.01.2025 во 11.06 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош во Скопје, настанал пожар во угостителски објект сопственост на Д.С.(44) од Скопје, при што бил опожарен дел од кујната. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Скопје, информираа од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Continue Reading

Скопје

Во ОУ „Св. Кирил и Методиј” одлични се реакциите на родителите и педагозите за забраната за мобилни на час

Published

on

Градоначалникот Горан Герасимовски денеска, по повод Меѓународниот ден на образованието беше во посета на ООУ Св. Кирил и Методиј, каде што веќе две години учениците не користат мобилни телефони за време на настана. Оваа пракса, неодамна беше прифатена и од останатите седум основни училишта на територија на Општина Центар.

Герасимовски, потенцира дека со донесените препораки за забрана за користење мобилни телефони за време на наставата учениците целосно ќе се посветат на учењето и ќе се подобри квалитетот на образовниот процес.

„Донесовме корисни препораки со кои ќе обезбедиме подобри услови во учењето и ќе придонесеме за развој на позитивна училишна атмосфера. Со оваа мерка, учениците ќе можат целосно да се посветат на учењето. Со редуцирање на употребата на мобилните телефони за време на часовите, учениците ќе се научат на важноста на личната дисциплина и ќе имаат поголема социјализација со своите врсници. Ме радува тоа што добиваме позитивни коментари од родителите за мерките и што сите основни училишта во Центар ги прифатија препораките кои значат зајакнување на наставниот процес, заеднички продолжуваме да ги менуваме состојбите на подобро“ вели Герасимовски.

Препораките за забрана на користење на мобилните телефони се прифатени и во образовниот процес во дел од европските земји.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк