Connect with us

Свет

Стејт департментот ја замрзна странската помош поради ревизија

Published

on

Американскиот Стејт департмент во петокот издаде „наредба за суспензија“ на целата постоечка странска помош и ја прекина новата помош, според дописот во кој увид имала агенцијата Reuters, со што се потврди претходната вест на изданието Politico, откако претседателот Доналд Трамп наредил пауза за да се провери дали распределбата на помошта е усогласена со неговата надворешна политика.

Во депешата, составена од Канцеларијата за надворешна помош и одобрена од државниот секретар Марко Рубио, се вели дека се издадени изземања за воено финансирање на Израел и Египет. Не се споменуваат други земји.

Овој потег би можел да негира милијарди долари помош. Соединетите држави се најголемиот донатор на помош на глобално ниво – во фискалната 2023 година, тие исплатиле 72 милијарди долари помош.

Само неколку часа по преземањето на функцијата во понеделникот, Трамп нареди 90-дневна пауза на странската развојна помош во очекување на преглед на ефективноста и конзистентноста со неговата надворешна политика како и можни манипулации, но опсегот на наредбата сè уште не е познат.

Во дописот до своите службеници на Стејт департментот се вели дека високи функционери „ќе се погрижат, во најголема мерка дозволена со закон, да не се преземат нови обврски за странска помош“ додека државниот секретар Рубио не донесе одлука по ревизијата. Во него се наведува дека постојните доелувања на странска помош веднаш ќе бидат ставени под наредби за прекин и откажување додека Рубио не ги прегледа.

„Ова е лудо. Ова ќе убие луѓе. Мислам, ако се изврши како што е напишано во тоа испраќање… многумина ќе умрат“, тврди Џереми Кониндик, поранешен функционер на USAID, кој сега е претседател на Меѓународната организација за бегалци.

Претставник на USAID, кој сакал да остане анонимен, рекол за Reuters dека на функционерите одговорни за проекти во Украина им било кажано да престанат со активностите. Меѓу проектите кои се замрзнати наводно се и поддршката за училиштата и здравствената помош како итна помош за мајки и вакцинација на деца, тврди неименуваниот функционер.

Одлуките за продолжување, менување или прекинување на програмата ќе ги донесе Рубио во следните 85 дена. Дотогаш, Рубио може да одредува изземања. Државниот секретар притоа одобрил ослободување за итна помош во храна, се вели во депешата.

Исто така, се наведува дека е доделено изземање за „странско воено финансирање за Израел и Египет и административни трошоци, вклучително и плати, потребни за управување со странско воено финансирање“. Израел добива околу 3,3 милијарди долари странски воени средства годишно, додека Египет добива околу 1,3 милијарди долари.

Други земји кои беа наменети за такво финансирање во 2025 година се Украина, Грузија, Естонија, Латвија, Литванија, Тајван, Индонезија, Филипини, Тајланд, Виетнам, Џибути, Колумбија, Панама, Еквадор, Израел, Египет и Јордан, според барањето кое беше испратено до претходниот состав на Конгресот од администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден.

Свет

Трамп потпиша наредба за укинување на Министерството за образование

Published

on

Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која започнува укинување на американското Министерство за образование.

Трамп рече дека „ова е вистинскиот чекор“ и дека одделот ќе биде затворен „што е можно побрзо“.

Министерството за образование на САД администрира федерални студентски заеми за студенти од колеџ и универзитет, обезбедува помош за студенти со ниски приходи и ги финансира училиштата за да обезбедат одредени програми за студенти со попреченост.

Во Америка, училиштата најчесто се финансираат и управуваат на ниво на сојузни држави, а тоа особено се однесува на основните и средните училишта, додека само околу 13% од финансирањето на овие училишта доаѓа од државниот буџет.

Белата куќа тврди дека елиминирањето на одделот ќе ги подобри резултатите од тестовите на студентите и ќе заштеди пари, додека демократите и другите критичари велат дека овој потег ќе ги остави најранливите студенти без помошта што им е потребна.

Наредбата на Трамп доаѓа како дел од пошироката стратегија на администрацијата во последните недели за намалување на големината на федералната влада.

Continue Reading

Свет

Мелбурн во знак на почит за жртвите од пожарот во Кочани

Published

on

Плоштадот на Федерацијата во центарот на Мелбурн синоќа беше обоен во жолто и црвено, како знак на почит кон жртвите од разорниот пожар во Кочани. Овој гест на солидарност од австралиската македонска заедница испраќа силна порака на поддршка и сочувство кон настраданите и нивните семејства.

Continue Reading

Свет

Заврши телефонскиот разговор помеѓу Трамп и Зеленски: Американскиот претседател откри детали

Published

on

Телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски предмалку заврши, објави американскиот претседател на неговата социјална мрежа „Truth Social“, пренесува Би-Би-Си.

Трамп го опиша повикот како „многу добар“, додавајќи дека траел околу еден час.

„Голем дел од разговорот беше посветен на вчерашниот телефонски разговор со претседателот Путин, со цел да се усогласат барањата и потребите на Русија и Украина“, напиша Трамп.

„Ние сме на добар пат“, додаде тој.

Трамп исто така изјави дека побарал од државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц „да дадат прецизен преглед на темите што се дискутирале“.

Тој најави дека ќе следува дополнителна изјава „наскоро“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк