Connect with us

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ по 20 години власт со 1 отсто морал и 100 отсто корупција

Published

on

ДУИ, партијата која 20 години се однесува како приватна фирма, изгледа почна да ги напаѓа сите освен идеолошкиот близнак Левица, од страв дека народот конечно ја сфатил нејзината игра. Изјавите на ДУИ се претворија во бледи дневни написи за партија која некогаш имала идеи, а денес има само криминал. Со 1 отсто морал стануваш 100 отсто корумпиран, велат од коалиција ВРЕДИ.

„ДУИ не треба да зборува за поддршка од народот кога самата преку уцени, корупција и заплашување создаваше илузија на моќ. Локалните избори ќе бидат крајот на ова раководство на ДУИ. Со 1 отсто транспарентност, стануваш 100 отсто мафија! ДУИ зборува за судовите? Но, кој ги направи судиите партиски слуги? Нивните министри заедно со Сашо Мијалков беа во комисијата за именување судии. Кој ги измислуваше тендерите? Кој ја зароби државата одполитичари со дебели банкарски сметки во Дубаи и Монако? Со 1 отсто срам стануваш 100 отсто авторитарен“, велат од коалицијата на албанските партии во власта.

Од ВРЕДИ прашуваат дали ДУИ тврди дека го брани Рамковниот договор од Охрид?!

„Нели тие ја политизираа администрацијата, вработуваа партиски војници, а квалификувани луѓе останаа без работа и принудени да емигрираат? Семејствата на функционерите профитираа, додека обичните граѓани заминаа да работат во Европа. Со 1 отсто вистина стануваш 100 отсто манипулативен! ДУИ зборува за ‘официјален статус на албанскиот јазик’? Тие самите го прифатија како јазик што го зборуваат имагинарен процент на луѓе. ДУИ го користи албанскиот јазик само за пропаганда, додека наставниците работат без средства, учениците немаат книги, а младите масовно ја напуштаат државата. Со 1 отсто демократија стануваш 100 отсто диктатор! ДУИ зборува за ‘вредности’, додека народот гледа како градат казина, уништуваат чесни бизниси и ја претвораат државата во оаза на криминалот. Додека патуваат со луксузни автомобили, луѓето бројат денари за да преживеат“, велат од ВРЕДИ.

Од колаицијата му порачуваат на ДУИ дека со 1 отсто визија, стануваш 100 отсто некомпетентен!

„Каков развој донесе ДУИ во областите каде што владее? Општините под нивна контрола се заглавени во долгови, без инфраструктура, без квалитетно образование и без инвестиции во младите. Единствениот развој што го овозможија е оној на нивните приватни бизниси. Со 1% одговорност стануваш 100% деструктивен! ДУИ зборува за Европа, но со години ги блокира евроинтеграциите поради нивните лични политички калкулации. Кога требаше да се донесат важни закони, тие беа зафатени со доделување државни тендери. Кога требаше да се борат против корупцијата, создадоа нови коруптивни шеми. ДУИ е првата албанска партија која зборува против западните партнери. Со 1 отсто искреност стануваш 100 отсто предавник на народот! ДУИ 20 години ја продава приказната за заштита на Албанците, но кој навистина имаше корист? Обичниот граѓанин или нивните бизнисмени? Народот живее во сиромаштија додека тие ги полнат џебовите. Ова не е заштита на Албанците – ова е предавство! ДУИ е политичка структура која знае само лаги, кражби и манипулации. Затоа денеска панично напаѓаат, бидејќи знаат дека им се ближи крајот! Локалните избори ќе бидат крајот на ова раководство на ДУИ“, велат од ВРЕДИ.

Македонија

Малолетници во бессознание завршиле во болница

Published

on

Ноќеска 55 минути после полноќ во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена малолетничка од Гостивар. Според пријавеното, таа претходно консумирала алкохол во дискотека во Гостивар.

Подоцна во 4.35 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен малолетник од Гостивар. Според пријавеното и тој претходно консумирал алкохол во дискотека во Гостивар.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Полицијата во акција: апсења во Скопје, Тетово, Гевгелија и Битола

Published

on

На 25.01.2025 во периодот од 10.45 до 11.15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот на С.С.(46) од Дреновец-Тетово. За време на претресот биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава” и 263 куршуми калибар 9 мм. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

На 25.01.2025 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 25.01.2025 во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобда Р.Љ.(65) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 25.01.2025 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 25.01.2025 во 22.20 часот во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода А.П.(19) од Неготино затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.01.2025 во 02.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.А.(22) од Гевгелија затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.01.2025 во 21.30 часот на ул„Крушево” во Битола, полициски службници од СВР Битола го лишиле од слобода од А.Р.(20) од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документурање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Шарпланинскиот Куп се враќа? Нови можности за македонското скијање

Published

on

Директорот на Ски Центарот „Попова Шапка“, г. Абдиљгани Алији, заедно со техничкиот директор г. Станислав Бојчески, се сретнаа со претставниците на Федерацијата на Скијачите на Македонија.

На овој продуктивен состанок беше најавено враќањето на значајни натпревари, меѓу кои и престижниот Куп на Шар Планина. Овој натпревар претставува клучен чекор за развојот на скијањето во Македонија, овозможувајќи нови можности за спортистите и љубителите на овој спорт.

Со нетрпение ги очекуваме следните чекори и напредокот кој ќе го донесе оваа иницијатива за скијачката сцена во земјата!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк