Connect with us

Скопје

Молотови коктели фрлени во куќа во Скопско

Published

on

policija

Во раните утрински часови во СВР Скопје било пријавено дека во двор на напуштена куќа во селото Арачиново, која одамна била без жители, биле фрлени две шишиња со запалива материја. Според првичните информации, едното од шишињата предизвикало експлозија, а пожарот брзо се проширил.

На среќа, нема пријавени повредени лица, а пожарот бил изгаснат од роднина на сопствениците на куќата, кој ја забележал ситуацијата и го пријавил инцидентот. Куќата, како што е познато, е веќе подолг период празна, а нејзините сопственици не живеат таму.

Полицијата веднаш извршила увид на местото на настанот, а сега се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во моментов, се работи на утврдување на мотивите за овој инцидент и на идентификација на сторителите.

Скопје

Маж се фрлил од зграда во Скопје

Published

on

Маж се фрлил од зграда утрово во Скопје, дознава 24инфо.мк.

Настанот се случил во утринските часови во скопската населба Аеродром.

До овој момент не се познати причините, а повеќе информации очекуваме од МВР.

Continue Reading

Скопје

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

Published

on

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска (27.01.) и утре (28.01.2025) во официјална посета на Македонија ќе присуствува Претседателот на Собранието на Република Црна Гора, Андрија Мандиќ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Continue Reading

Скопје

Скопјанец приведен откако нападнал маж од Крива Паланка

Published

on

policija

На 25.01.2025 во 11:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Р.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10:00 часот на бул.„Киро Глигоров“ физички го нападнал Д.С.(50) од Крива Паланка.

По целосно документирање на случајот бил поднесен соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк