Connect with us

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: не прифаќа промена на имињата на улиците во Тетово кои имаат име

vmro tetovo

Почитувани тетовчани,

Во изминативе денови, сведоци сме на лажната загриженост од политичките опоненти на поранешната криминална и предавничка власт кои до неодамна безмилосно ги распродаваа националните и државни интереси, а сега шират дезинформации и ги вознемируваат граѓаните на Тетово.

Да потсетиме дека истите тие пред само една година ширеа пропаганда дека ќе се руши крстот на Попова Шапка, а денес истиот крст не само што не е отстранет и срушен, туку крстот гордо стои на Попова Шапка.

Да го искажеме нашиот став во врска со промената на имињата на улиците во Тетово :

  1. Сакаме да ги информираме граѓаните дека ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ прифаќаме да дискутираме единствено за улиците кои немаат име, како и за улиците кои се евидентирани само со број (исклучиво само доколу тоа е прифатливо за населението кое живее на таа улица), а притоа почитувајќи ја соодветната и правична застапеност на заедниците во Тетово, се со цел решавање на проблемот со немање на куќен број и име на улица на голем број на улици во Тетово
  2. Прифаќаме да разговараме да се изготви предлог листа на имиња која би се доставила до Владата на РМ, но притоа во таа листа не смее да се најде ниту едно име со кое ќе се наруши угледот на Република Македонија, ќе се повредат националните чувства на граѓаните и ќе се нарушат меѓучовечките и меѓуетнички односи помеѓу заедниците кои живеат во Тетово
  3. Дополнително, сакаме да потенцираме дека единствено по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија, листата на имиња може да ја утврди Советот на општината. Определувањето име на улица може да се врши само со одлука донесена од советот на општината со мнозинство гласови од присутните членови на советот на општината, при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови на Советот кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во општината. (Бадинтерово мнозинство)

И уште еднаш, по кој знае кој пат да повториме дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да постапи спротивно на македонските национални интереси

Со почит.
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Тетово

Advertisement

Македонија

По заминувањето на Коцевски, Советот на јавни обвинители ќе постави вршител на должност

Советот на јавни обвинители на седницата закажана во 11 часот денес, треба да именува вршител на должноста државен јавен обвинител, откако актуелниот обвинител Љупчо Коцевски пред два дена поднесе неотповиклива оставка. Назначувањето ќе се врши согласно член 25, став 3 од Законот за јавно обвинителство.

Оставката на Коцевски беше соопштена на прес-конференција, непосредно пред почетокот на собраниската седница на која, по предлог на Владата, требаше да се отвори расправа за негово разрешување. Со тој потег, тој практично ја пресече постапката што ја иницираше извршната власт.

Коцевски оцени дека станува збор за опасен преседан со долгорочни последици врз институционалниот поредок и уште еднаш потенцираше дека обидот за негово разрешување е мотивиран исклучиво од политички причини.

„Од самиот почеток тврдев дека евентуалната постапка за мое разрешување е политичка одлука. Токму затоа денеска поднесов неотповиклива оставка“, изјави Коцевски на прес-конференцијата.

Од друга страна, Владата го оправда предлогот за негово разрешување со наводи дека Коцевски направил сериозни професионални пропусти и дека со своето работење го нарушил угледот на Јавното обвинителство.

Continue Reading

Македонија

Лидерот на СДСМ во Битола си поднесе оставка

 Претседателсот на Општинската организација на СДСМ во Битола, Методија Куновски, поднесе оставка само еден ден по изборот на Драган Крајовски во Извршниот одбор на партијата, како дел од новиот тим на лидерот Венко Филипче. Оваа изненадувачка одлука го отвора прашањето за внатрепартиските промени и новите динамики во битолската организација.

Куновски, кој ја презеде функцијата на чело на битолската организација во ноември минатата година, објави дека оставката ја доставил лично до претседателот Филипче. На последните локални избори во Битола, тој беше кандидат за градоначалник, предизвик кој, според него, никој друг не сакаше да го прифати поради извесната загуба на СДСМ.

„Одлуката ја донесов по темелна и одговорна лична и политичка проценка. Како претседател се соочував со сериозна дилема помеѓу обврската кон организацијата и впечатокот дека принципите што ги застапуваме јавно сè потешко се применуваат во пракса. Социјалдемократијата во која верувам не е декларација, туку вредносен систем што мора да се живее секојдневно – низ транспарентност, вклученост и политичка одговорност“, напиша Куновски на Фејсбук.

Поранешниот новинар, а денес вработен во прес-службата на РЕК „Битола“, потенцира дека функцијата ја прифатил со искрена намера да ја зајакне организацијата, да ја отвори кон членството и да ја врати довербата кај граѓаните. Но, како што истакнува, во изминатиот период сè појасно се појавиле практики кои не се во согласност ниту со неговите лични принципи, ниту со вредностите на социјалдемократијата.

„Не можам и не сакам да носам функција без суштинска можност за влијание, ниту да бидам формално присутен во процеси со кои суштински не се согласувам. Политичката и моралната одговорност налагаат јасен став и чесен чекор кон членството и граѓаните на Битола“, додава Куновски, благодарејќи им на членовите за поддршката.

Оставката на Куновски следува по одлуката на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да го врати Драган Крајовски во Извршниот одбор. Крајовски, кој претходно беше претседател на битолската општинска организација, го заменува Методија Илиевски, разрешен потпретседател и член на ИО.

Крајовски има богата партиска биографија – по професија е правник и адвокат, поранешен директор на затворот „Црн Мост“ во Битола, лидер на младината на СДСМ во градот и член на Централниот одбор на партијата. Битолчани го гледаат како „големо враќање“ во партијата, а тој важеше и за близок соработник на поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Со оваа динамична промена на лидерската позиција, СДСМ во Битола влегува во нова етапа, а политичките движења во градот ветуваат уште повеќе интересни пресврти.

Continue Reading

Македонија

Стабилно време со магла до понеделник, дожд од вторник

До понеделник се очекува стабилно и претежно тивко време низ земјава, со појава на магла во утринските часови и зголемена облачност на некои места.

Утре, 18 декември, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека претпладне на одредени места ќе се појави магла. Ветарот ќе биде слаб и променлив.

Во Скопје се очекува слично време, со претежно тивко време и појава на магла во котлинските делови претпладне.

Стабилното време ќе се задржи до понеделник, а од вторник се најавуваат локални врнежи од дожд.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг