На 30.01.2025 во периодот од 14.00 до 16.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во шест продажни објекти на улиците „Борис Кидрич“, „Јане Сандански“, „133“ и „Илинденска“ поради основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ по член 285 од Кривичниот законик. При контролата биле пронајдени и одземени облека и чанти од познати и заштитени трговски брендови. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
