Connect with us

Македонија

Денес се одбележуваат 132 година од смртта на Григор Прличев

Published

on

На денешен ден во 1893 година во Охрид умрел Григор Прличев, еден од темелните македонски писатели од 19 век. Љубовта кон книгата Прличев ја добил од неговиот дедо кој му го купил првиот грчки буквар кога Григор имал само четири години. На крајот од својот живот неговиот дедо и оставил завет на мајка му да го испрати Григор на училиште.

Прличев бил ученик на Димитрија Миладинов, кој во тоа време учителствувал во Охрид и кој имал големо влијание врз него.

Во 1859 година како студент на втора година по медицина во Атина ја пишува поемата „Сердарот“. Една година подоцна, во 1860 ја добива наградата на големиот конкурс во Атина за најдобра поема на грчки јазик. За оваа поема, Прличев е овенчан со лаворов венес и добива паричен дел. Истата година делото излегува од печат, а тој од стручната критика за делото добива епитет на втор Хомер.

Поетската творба „Сердарот“ се смета за апсолутен врв на сиот влог што во уметноста на зборот овој творец го дал. За книжевната наука оваа поема треба да се разгледува во контекстот на европската теорија на романтизмот. Други позабележителни негови творби се „Автобиографијата“ која е напишана во периодот 1883-1890 во бугарската машка гимназија во Солун, каде Прличев учителствувал, а е објавена по неговата смрт, како и словото-есеј „Чувај се себеси“. Тоа се комплементарни книжевни дела и ја доречуваат на директен начин основната порака на „Сердарот“. Со поемата “Сердарот”, историски ја верификувал големината на својот поетски талент. Ова поетско дело и до денешен ден според многу елементи на епското пеење се уште не е надминато.

Прличев заедно со Јаким Сапунџиев го започнал народниот подвиг во Охрид за воведување на народниот јазик во училиштата, односно борба против Цариградската патријаршија и нејзиното влијание. Во 1868 г. турската власт го затвора и го депортира во дебарската зандана, поради клевета од страна на грчкиот охридски владика.

Едно од поважните негови дела е и песната „Во илјада седумстотини шездесет и второ лето“ , која ја објавува во 1872 година во цариградскиот весник „Читалиште“ која подоцна е преобјавена и во неговата „Автобиографија“. Во цариградскиот весник „Право“ во 1872 година е објавена вест дека Прличев подготвил за печат книга песни за деца под наслов „Воспитание“ или 12 наравствени песни.

Гробот на Григор Прличев се наоѓа зад црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид.

Македонија

СО ЕКСПЕРТИ ЌЕ ИМ ОБЈАСНИМЕ НА ЖИТЕЛИТЕ ДЕКА ЦЕЛ РЕГИОН ЌЕ ИМА КОРИСТ ОД РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВАЦИ

Published

on

Градоначалникот на Новаци Стевче Стевановски вели дека регионалната депонија која треба да се гради во општината ќе значи корист за Југозападниот и Пелагонискиот Регион. Во изјавата за медиумите што ја даде по денешната конференција „Преобмислување на отпадот – од предизвици до одржливи решенија“ во Скопје, тој рече дека проблемот со ѓубрето во Македонија е огромен, пишува СДК.

ПРОТЕСТ ПРОТИВ ИЗГРАДБА НА РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА БЛИЗУ БИТОЛА, БИТОЛЧАНИ НЕ ВЕРУВААТ ДЕКА ЌЕ СЕ ГРАДИ ПО ЕКОЛОШКИ СТАНДАРДИ

„Скоро во сите делови од државата имаме проблеми со тоа што практично имаме ѓубришта, а немаме центри за управување со отпад. Во Новаци и во моментов имаме голем проблем со отпадот, затоа што неколку општини од регионот го депонираат сметот на ѓубриштето во Мегленци која е крајно нестандардизирана, нерегулирана депонија и не знаеме ни што се одлага, ни што се носи таму“, рече Стевановски.

БИТОЛСКИОТ СОВЕТ ДО ВЛАДАТА И ДО 5 БИТОЛСКИ ПРАТЕНИЦИ ИСПРАТИ БАРАЊЕ ЗА ИЗМЕНА НА ЛОКАЦИЈАТА ЗА РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА ПЛАНИРАНА ВО НОВАЦИ

Регионалната депонија, односно современиот центар за управување со отпад кој треба да се гради во Новаци, според најавите од Министерството за животна средина, треба да биде готова до 2027 година, а таму смет ќа одлагаат 18 Општини. Ова предизвика протести на битолчаните кои не сакаат да се гради регионала депонија во нивна близина и како што изјавуваат, не му веруваат на системот дека ќе успее да го контролира загадувањето.

МЕГЛЕНЦИ ПРАВИ МНОГУ ПОГОЛЕМА ШТЕТА ОД РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ГРАДИ ВО НОВАЦИ, РЕКОА ЕКСПЕРТИТЕ НА ВОНРЕДНАТА СЕДНИЦА ВО БИТОЛА

Стевановски вели дека битолчани простираат можеби со право зашто центарот ќе се наоѓа во близина на Битола, но дека главната причина за протестите е тоа што граѓаните не биле доволно информирани за проектот во изминатиот период.

„Во овој момент, Битола одлага отпад на територијата на Новаци што е малку апсурдно, но треба сите заедно да ги земеме примерите од развиените земји. Центарот за управување со отпад е сериозен, обемен проект и ако сите сериозно се зафатиме, ќе направиме нешто добор за нашата земја. Тука ќе донесеме заклучоци и во брзо време ќе тргнеме во офанзива со луѓе кои се стручни во оваа област, како од државата, така и од странство, кои на директен начин на граѓаните ќе им го доловат ова решение кое ќе значи бенефит за целиот регион“, рече Стевановски.

На граѓаните ќе им се објасни и тоа дека едно до ветувањата е заедно со центарот да се изгради и пат обиколница за транспорт на сметот, рече тој.

Извор: САКАМДАКАЖАМ

Continue Reading

Македонија

Убави вести за пензионерите: Ќе има ново покачување на пензиите

Published

on

pari

Од 1 септември 2025 година, пензиите во Македонија повторно ќе се зголемат, но ќе се усогласуваат според старата методологија. Собранието ги изгласа измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кои од септември престанува да важи линеарното зголемување на пензиите од 5.000 денари, а ќе се применува претходниот модел на пресметка.

Според новиот систем, пензиите ќе се усогласуваат врз основа на движењето на индексот на трошоците на животот (50%) и порастот на просечната исплатена плата (50%). Ова значи дека зголемувањето ќе зависи од економските параметри, а не од фиксен износ.

Continue Reading

Македонија

Коњановски на бајрамска баклава во Муфтиството во Битола

Published

on

Во просториите на Муфтиството во Битола во старата Битолска чаршија, муфтијата Амит Расими го пречека и го почести со Бајрамската баклава, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Традиционални се овие средби по повод Рамазан Бајрам.

На средба и баклава беше и директорката на ЈП „Стрежево“, Вера Бешлиевска.

А на улицата пред муфтиството со баклава беа почестени минувачите во Старата битолска чаршија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк