Инфо +
Поддршка од македонските парламентарни партии за Македонците во Албанија
Активни мерки како и соработка со албанската Влада за подобрување на состојбата и зачувување на идентитетот на македонското малцинство во Албанија, најави заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски на денешната средба во Корча организирана од партијата на Македонците во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
Знаете, основа е економската ситуација. Ако нашинците, Македонците во Албанија имаат добра економска ситуација нема да земаат бугарски пасоши и да се иселуваат надвор. Ние мораме да работиме и со албанската Влада, што е многу важно, да инвестира во овој регион. Инфраструктурно, во проекти за вработување, да се градат погони, вели заменик министерот Димитровски.
Љуфтим Спахиу, вршител на должност македонски амбасадор во Албанија, на средбата во Корча порача дека ако, до вчера говоревме дека основните човеков права, треба да важат и за „нашинците“ во другите региони а не само во регионот на Мала Преспа, денес говориме дека нашинците се соочуваат со притисоци и закани од една многу агресивна политика, а тоа е политика за асимилација.
За оваа агресивна политика, Амбасадата во Тирана во минатото, секојдневно известуваше и предлагаше мерки за натамошно делување, со цел спречување на активностите на бугарските емисари. Одржани се средби со албанските институции, од Министерството за Европа и надворешни работи (МЕНР), Институтот за статистика (ИНСТАТ), МВР….и во соработка со МАЕИ и лидерот Васил Стерјовски, се издејствува апсење и притворање на неколку општински службеници во Албанија, рече Спахиу.
Според него преку 400 страници материјали се доставени до македонските институциите, остварени се десетици состаноци со албанските институции, десетици медиумски реакции на МАЕИ, но сето тоа, како што рече, не вродило со посакуваниот резултат.
Апсењето на општинските службеници е без епилог, резултатите на пописот се разочарувачки, а иднината на нашинците е непредвидлива. Како македонско – дипломатско претставништво, во текот на месец февруари, планираме да ги повториме иницијативите за отворање на Генерален конзулат во Корча и заокружување на барањата за државјанства на припадниците на македонското национално малцинство од Албанија, најави Спахиу.
На средбата на која присуствуваа претставници на макеонските парламенатрни партии, како претставник од владеачаката ВМРО-ДПМНЕ во Корча беше пратеничката Лидија Петровска.
Горда сум што од другата страна на границата имаме луѓе што достоинсвтено и гордо се борат за зачувување на сопствениот национален идентитет, за македонскиот јазик, македонската култура и македонската традиција. Ние како држава ќе сториме се за да бидеме нивна поддршка на патот кон зачувување на своето достоинство, вели Петровска.
На средбата во Корча присуствуваше и потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, кој кажа дека кога партијата беше на власт силно ги поддржуваше Македонците во соседна Албанија, но и сега во опозиција им даваат поддршка, бидејќи грижата за нашинците во дијаспората е основа за негување на македонското културно и историско наследство, јазик и идентитет, истакна Илиевски.
Со поддршка успеавме македонскиот јазик да се воведе на неколку универзитети во Албанија, се обезбедија учебници на македонски јазик и за прв пат успеавме да вратиме 20 украдени икони од македонските цркви. Реагиравме и за пописот во Албанија, кој за жал не ја отсликува соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. И како опозиција СДСМ силно ги поддржува и ќе продолжи да работи и да делува во нивни интерес и да се спротивствуваме на какви било обиди за асимилација, рече Илиевски во изјава за медиумите.
Предлог-стратегија за заштита на македонското национално малцинство во Албанија, беше презентирана на денешната средба во Корча, организирана од македонската партија, МАЕИ, со претставници на македонските парламентарни партии, која, како што сe наведува, има за цел да дефинира долгорочни мерки и активности за поддршка на македонското национално малцинство во Албанија преку институционални, дипломатски, културни и економски механизми.
Македонското национално малцинство во Албанија е составен дел од македонскиот народ, со трајни историски, културни и духовни врски со својата матична држава. Зајакнувањето на неговата положба, правата и културниот развој е од стратешко значење за Македонија, со оглед на нејзините обврски како матична држава и согласно меѓународните универзални стандарди за заштита на националните малцинства, рече партискиот лидер Васил Стерјовски, при презентацијата на стратегијата и барањето поддршка за неа.
Дел од барањата содржани во стратегијата се и „формирање на Совет за поддршка на македонското малцинство како тело во рамките на Владата на Македонија кое ќе ги координира активностите за заштита и унапредување на правата на Македонците во Албанија и создавање на Фонд за поддршка на македонските здруженија во Албанија – финансиска поддршка за организации кои работат на зачувување на македонскиот идентитет, култура и јазик.
Се оценува меѓу другото дека оваа предлог-стратегија треба да послужи како основа за изработка на долгорочен план, кој ќе вклучува годишни програми за заштита и унапредување на правата на македонското национално малцинство во Албанија.
Нејзината реализација треба да започне со усвојување на обврзувачка декларација во Собранието на Република Македонија, по можност поддржана од сите политички партии. Доколку не се преземат итни и одлучни мерки, процесот на асимилација на Македонците во Албанија ќе продолжи со истата жестина како досега. Дополнително, бугаризацијата, која во последниот период се засили, ќе добие уште поголем замав, загрозувајќи го идентитетот и опстојувањето на македонската заедница во Албанија, се констатира во стратегијата.
Стратегијата, како што информираат од МАЕИ, на денешната средба во Корча ја поддржале сите претставници на парламентарните политички партии, ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ЗНАМ, Демократски сојуз и Левица. На средбата присуствуваа Лилјана Затуроска и Лидија Петковска од ВМРО ДПМНЕ, Методија Илиевски од СДСМ, Катерина Тодоровска од ЗНАМ, Димитар Апасиев од Левица, Зоран Димитровски и Зоран Петров од Демократскиот сојуз и Љуфтим Спахиу, вршител на должност македонски амбасадор во Албанија.
Од страна на МАЕИ присутни беа претставници од областите на Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, Врбник, како и од градовите Корча, Подградец, Елбасан и Тирана.
Свет
Рускиот гас под закана: Америка го движи енергетскиот курс на Балканот
Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша новиот закон, кој ја става енергетската независност на Западен Балкан од рускиот гас и нафта во центарот на националниот интерес на САД. Со потпишувањето на Законот за овластување за национална одбрана за фискалната 2026 година, Вашингтон јасно сигнализира дека зависноста од руските енергетски извори веќе не е прифатлива.
Станува збор за Законот за овластување за национална одбрана за фискалната 2026 година, кој директно ја адресира зависноста на земјите од регионот од рускиот гас и нафта – потег кој ќе има директно влијание врз Србија и соседните земји.
Според медиумските извештаи, законот во својата содржина го истакнува следново:
-
Во точка 16 се нагласува дека „зависноста на земјите од Западен Балкан од руски фосилни горива и природен гас ги врзува нивните економии и политики со Москва, попречувајќи ги нивните амбиции за приклучување кон Европската Унија“.
-
Точка 17 директно го декларира интересот на САД: „Намалувањето на зависноста од руски извори на енергија на земјите од Западен Балкан е од национален интерес за САД“.
-
Во точка 18 се предупредува дека „растечкото влијание на Кина во регионот може да има штетно влијание врз стратешката конкуренција, демократијата и економската интеграција на Европа“.
Со овој закон, Вашингтон испраќа јасна порака: енергетската независност на Западен Балкан од Русија и ограничувањето на кинеското влијание се прашања од висока геополитичка важност, кои директно ги засегаат интересите на САД во регионот.
Свет
Меѓусебни напади со дронови меѓу Русија и Украина: Гори хемиска фабрика во Русија
Русија и Украина во текот на ноќта извршија масовни меѓусебни напади со беспилотни летала, при што во Русија беа пријавени пожари, прекини на струја и греење, а во Украина удари на повеќе локации.
Руските власти соопштија дека противвоздушната одбрана пресретнала и уништила 94 украински дронови над седум региони. Најголем дел од нив биле соборени над Ростовската, Белгородската и Воронешката област, како и над Самарската и Астраханската област, Каспиското и Азовското Море.
Во градот Орјол, според локални извори, дронови ја погодиле термоелектраната-топлана, што довело до прекини во снабдувањето со греење, струја и топла вода. Локалните власти потврдија дека поради ситуацијата е прекината наставата во училиштата и градинките во еден дел од градот.
По нападите избувна и пожар во хемиската фабрика „ТолјатиАзот“ во Самарската област, една од најголемите фабрики за производство на амонијак во светот. Пристапните патишта кон фабриката биле затворени, а причините за пожарот сè уште се утврдуваат.
Прекини на електричната енергија се пријавени и во Ростовската област, каде што, според регионалните власти, биле оштетени далекуводи и цивилни објекти во неколку населени места. Повредени лица, според официјалните информации, нема.
Истовремено, руските сили во текот на ноќта лансирале околу 160 беспилотни летала кон Украина, меѓу кои и дронови од типот „Шахед“. Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека успеала да собори или електронски да онеспособи 108 дронови, но и покрај тоа биле регистрирани погодоци на 23 локации.
Украинските власти предупредија дека нападите продолжуваат и дека дел од руските дронови и понатаму се наоѓаат во воздушниот простор на земјата.
Европа
Два милиони прашања за Путин: Русите ја очекуваат годишната прес-конференција
Владимир Путин денеска ќе застане пред микрофоните во Москва за својата традиционална годишна прес-конференција, соочувајќи се со низа прашања од домашни и странски новинари. Настанот, кој обично трае часови, ќе биде следен внимателно, додека рускиот лидер одговара на најразлични теми, од внатрешната политика до меѓународните односи, јавува ДПА.
Оваа година медиумскиот спектакл повторно ќе биде комбиниран со ТВ-емисијата „Директна линија“, во која граѓаните на Русија имаат можност директно да се обратат до шефот на Кремљ, да ги изложат своите проблеми и да побараат конкретни решенија. Руски државни медиуми најавуваат дека однапред пристигнале над два милиони прашања.
Прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, посочи дека Путин од средата се подготвува за големиот настан. На дневен ред ќе бидат многуте предизвици со кои се соочува земјата – сиромаштијата, социјалните тешкотии, поплаките за здравствениот систем и лошата инфраструктура. Настанот ќе се пренесува низ цела Русија, како на телевизија, така и преку интернет платформи.
Неизбежно, во фокусот ќе биде и војната во Украина, односно руската инвазија започната на 24 февруари 2022 година. Путин традиционално го користи овој телевизиски настан за да се прикаже како грижлив лидер и решавач на проблеми. Минатата година, прес-конференцијата траеше речиси четири и пол часа.
Трендинг
-
Црна Хроника6 days agoХорор на патот Охрид–Струга: Возач двапати тргнал кон полицајци и успеал да избега
-
Црна Хроника6 days agoДрама на автопатот Тетово – Гостивар: Ги пресретнале со ротација им го пресекле патот, па ги истепале
-
Црна Хроника3 days agoКривична пријава за командир и полицајци – МВР со детали
-
Црна Хроника6 days agoКривични пријави против полицајци од Штип – МВР со детали
-
Република4 days agoУтре дел од Тетово и три тетовски села без електрична енергија
-
Црна Хроника4 days agoХорор во Тетовско: Физички нападнати полицајци
-
Црна Хроника7 days agoФизички нападната девојка на работно место во Брвеница
-
Црна Хроника2 days agoПолициска акција во Штип: Лишени од слобода неколку полицајци















