На 11.02.2025 во СВР Тетово било пријавено дека околу 17.50 часот во финансиско друштво во Тетово, едно лице со остар предмет се заканило на вработените, им побарал пари, по што оштетил дел од инвентарот, не одзел ништо и го напуштил местото. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
