policija

Самиот се послужил: Уапсен вработен во фабрика за медицински канабис

Вчера во 15.55 часот на улица „15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид врз основа на Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, од слобода го лишија Ј.П.(41) од Струга, вработен во фабрика за производство на медицински канабис.

Од него е одземено едно пакување со кафеава материја, која е пронајдена кај него од работник на обезбедување при излез од фабриката.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава