Сестрата на бегалецот Перпарим Бајрами осомничениот за епски криминал со Груби горда на својот брат еве што му порача

Вјолца Бајрами, вработена во службите во Собранието,  во јавен пост на ФБ му го честита роденденот на нејзиниот брат, бегалецот од правдата и ексдиректор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами.

„Среќен роденден на мојата сродна душа.

Ти си гордоста на семејството, се ќе се заврши како твојата чиста душа.

На повидок е крајот на оваа политика.

Остани силен и смирен, те чува Господ заради добрите дела што ги имаш направено. Ние и Господ знаеме на колку семејства си помогнал.

Те сака твојата сестра и многу сум горда на тебе.

Следниот роденден ќе го прославиме заедно, напиша таа на фејсбук.

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и за директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра.