Connect with us

Црна Хроника

Тепачка меѓу малолетници во кафуле во Тетово – полицијата интервенирала!

policija tetovo

На 11.02.2025 во 18.40 часот во СВР Тетово, Ш.Ф.(42)  од Тетово пријавил дека околу 08.55 часот во угостителски објект на улица „Браќа Миладинови“, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Advertisement

Црна Хроника

Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава

СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од с.Неготино, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Имено, на 09.12.2025, Ј.М.(34) од гостиварско пријави дека неговата мајка Х.А.(53) од с.Равен, гостиварско, се оддалечила од домот, а подоцна на безбедносните камери забележал дека на 07.12.2025 таа влегува во патничко возило „фиат“, по што е недостапна на телефон. Исто така, тој пријави дека на безбедносните камери забележал дека ноќта помеѓу 06.12. и 07.12.2025 С.М. влегол и пребарувал во неговата куќа и дека биле одземени пари од неговата соба. На 11.12.2025 во 02:15 часот, С.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него.
По преземени мерки во врска со случајот, по извршени проверки на видео записи, констатирано е дека пријавениот дал лажен исказ во полициска станица. Воедно, од добиениот листинг на повици утврдено е дека Х.А. последен пат имала контакт со него на 07.12.2025.
Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на С.М., по што од слобода е лишена и неговата сопруга Ѓ.В.(48). Во службен разговор во полициска станица, Ѓ.В. признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана. После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атар на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А.. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.

Continue Reading

Црна Хроника

Почината жена пронајдена во дупка – МВР со детали

Хорор откритие ја потресе гостиварската јавност. Во текот на ноќта, Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на морничава локација – во атарот на селото Неготино, каде што е пронајдено тело на засега неидентификувано лице, закопано во плитка дупка.

Сомнежите се огромни и водат кон најцрното сценарио: постојат сериозни индиции дека станува збор за жена која претходно беше пријавена за исчезната, а за која имаше информации дека била противноправно лишена од слобода.

Веднаш по откритието, јавниот обвинител издаде итна наредба за обдукција и идентификација на починатото лице, како и за темелно прибирање на сите траги од местото на злосторството.

По серијата брзи проверки, веќе има резултати, за едно осомничено лице е одредена мерка краткотраен притвор од 48 часа за да се обезбедат клучни докази. Уште едно лице е задржано, а за него во моментов се вршат дополнителни проверки.

По наредба на јавниот обвинител, истрагата е во полн ек и се преземаат сите неопходни чекори за целосно расветлување на овој страшен настан и откривање на целата вистина.

Continue Reading

Црна Хроника

Уапсени навивачи нападнале полицајци

По завршувањето на дербито од ракометната Суперлига меѓу Пелистер и Вардар во Битола, кое домаќините го добија, се случија серија инциденти во кои беа нападнати полициски службеници, информира МВР.

Инцидентите се случиле околу 18:45 часот на влезот во спортската сала „Боро Чурлевски“, каде полицијата ги привела П.Н.(20), Н.А.(24) и Д.М.(24), сите од Скопје. Според МВР, при влегувањето на навивачката група од Скопје во салата дошло до нарушување на редот, при што неколку полицајци биле нападнати.

Дополнително, во 19:20 часот на истиот влез бил уапсен и Н.Ѓ.(34) од Битола, кој, како што стои во полицискиот извештај, агресивно се однесувал и повикувал на насилство, со што го нарушил јавниот ред и мир.

По документирањето на случаите, против сите приведени ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг