Тешка несреќа во Тетово: Повредено осумгодишно дете

На 12.02.2025 во СВР Тетово било пријавено дека околу 14.10 часот во круг на станица за технички преглед во Тетово, осумгодишник од Тетово се играл и ја влечел влезната врата, која притоа се откачила од шините и паднала врз него, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. За настанот бил известен и јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.