Connect with us

Црна Хроника

Битолчанец со нож расекол двајца колеги на автобуска постојка, се враќале од работа од приватна фабрика во Битола

Битолчанец вработен во приватна фабрика во Битола, со нож нападнал и расекол по телото двајца свои колеги. Инцидентот се случил во четвртокот по завршувањето на работното време, кога група работници слегувале од автобус на постојката наспроти Новиот пазар во Битола. Насилникот на очиглед на повеќемина свои колеги и случајни минувачи, извадил нож и го нападнал колегата со кој и претходно влегувал во вербална расправија, наводно околу извршувањето на работните обврски во фабриката. Со ножот му нанел расекотени, а потоа кога во моментот на инцидентот се вмешал и друг колега за да помогне и да го спречи насилникот да направи поголем штета и него го повредил. Очевидци кажуваат дека на местото кај постојката останале видливи траги од крв, се додека повредените не бидат медицински згрижени. Насилникот, инаку добро познат на полицијата по низа на случувања и престапи, по инцидентот избегал во непознат правец, но брзата интервенција на криминалистичката полицијата го нашла и со одлука на Основ суд Битола го лишила од слобода. 

– На 13.02.2025 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул.„Кочо Чолаков “ во Битола, врз основа на Нарадба за распишување на централна потерница од основен Суд Битола го лишиле од слобода В.Т.(41) од Битола.  Имено, на 13.02.2025 во СВР Битола, С.С. пријавил дека на ул.„Генерал Васко Карангелески” во Битола бил нападнат од В.Т кој бил негов колега и истите се довеле во вербална расправија уште додека биле на работа, за подоцна по завршување на работните обврски истите повторно се довеле во расправија при што В.Т. со употреба на остар предмет му нанесол повреди на С.С., а притоа повредил уште едно лице кое сакало да ги раздели. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола за АПЛА.мк.

Инаку и напаѓачот и нападнатите се вработени во приватна фабрика во Битола, каде, како што велат нашите соговорници се врши проверка на работниците при влегувањето во објектот околу внесувањето на оружје или спорни тврди предмети. Оттука не е јасно каде насилникот го криел ножот цело време, односно како од  фабриката го изнел оружјето што го употребил веднаш по слегувањето од автобусот кој ги превезувал исклучиво вработените од претпријатието. 

Advertisement

Црна Хроника

Голем дефект на 110kV трафостаницата “Тетово 1” го остави цело Тетово без струја

Дел од корисниците во Тетово се без снабдување со електрична енергија поради дефект на 110 kV трафостаницата „Тетово 1“, информираат од Електродистрибуција.

Како што соопштуваат, прекинот во електроснабдувањето започнал од 16 часот, а екипите на Електродистрибуција се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

Continue Reading

Црна Хроника

Застој на автопатот Скопје–Тетово, камион се превртел кај Желино

Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.

Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.

Дополнителен проблем за возачите претставуваат временските услови. На овој патен правец има појава на густа магла, која значително ја намалува видливоста.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.

Continue Reading

Црна Хроника

Две жени нападнати во автобуси на ЈСП во Скопје

Во два одделни инциденти на 19 декември 2025 година, две жени од Скопје биле физички нападнати додека се возеле во автобуси на ЈСП.

Првиот случај се случил околу 15:00 часот во подрачјето на Гази Баба, кога А.С. (46) пријавила дека била нападната од И.С. (39) од Скопје.

Вториот инцидент се случил околу 17:20 часот во подрачјето на Драчево, кога С.Ј. (55) била нападната од непознато женско лице додека се качувала во автобус.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг