Доколку имате iPhone, оваa функција веднаш треба да ја исклучите! Некој може да ви пристапи до банкарската сметка и да ги повлече вашите средства

Некои од фабрички вклучените подесувања на овие уреди можат да им овозможат пристап на хакерите до вашите лични податоци како што се лозинки, банкарски сметки и слично.

Поради тоа, овие подесувања би требало да ги промените пред сајбер-криминалците да добијат пристап до вашите чувствителни податоци и да ги користат украдените информации да ги превземат вашите сметки.

Американската НСА (Агенција за национална безбедност) предува дека ризикот и опасноста се вистински, односно дека овие злонамерни техники се јавно познати и наголемо се употребуваат.

Wi-Fi подесувањата кои се користат за нападот се нарекуваат “Auto-Join” и се користат за автоматско поврзување на уреди со јавни пристапни точки и Wi-Fi мрежи во барови, ресторани, кафулиња, библиотеки и слично.

Разбирливо, овие подесувања се подесени така што вашиот телефон автоматски се поврзува на мрежа или пристапна точка, практично поставувајќи мета на вашиот телефон.

За да го намалите ризикот, исклучете ја “Auto-Join” функцијата на вашиот уред.

За да ја оневозможите оваа функција, кликнете на “Settings” > “Wi-Fi” > “Ask to Join Network”.

Кога ќе го изберете ова, ќе ви се појават три опции, каде што треба да изберете “Off” или “Ask”.

Потоа вратете се на “Settings” > “Wi-Fi” > “Auto-Join Network” и изберете “Never” ili “Ask to Join”.