Како да го одржите младиот изглед? Храната е клучното решение.
Научниците предупредуваат дека консумирањето два вида популарни намирници може да го забрза процесот на стареење, дури и кај младите.
Стареењето е природен дел од животот, процес кој никој не може целосно да го запре. Сепак, многу луѓе бараат начини да го забават, користејќи различни третмани, производи и методи за зачувување на младешкиот изглед и виталноста.
Од друга страна, често го занемаруваме фактот дека исхраната игра клучна улога во тоа колку брзо старееме. Одредени намирници кои ги консумираме секој ден може да го забрзаат процесот на стареење бидејќи влијаат на кожата, органите и целокупното здравје.
Научниците предупредија дека консумирањето два вида популарни намирници може да го забрза процесот на стареење, дури и кај младите, пишува „Експрес“.
Новата студија на повеќе од 800 луѓе открила врска помеѓу квалитетот на исхраната и биолошкото стареење.
Поточно, тимот од Универзитетот во Финска откри дека лошата исхрана, вклучувајќи големи количини брза храна, преработено месо и газирани пијалаци, но и мали количини на овошје и зеленчук, може да доведат до забрзано биолошко стареење.
Спротивното е откриено кај оние кои јаделе многу овошје и зеленчук и го ограничиле внесот на преработено црвено месо.
За потребите на студијата, објавена во списанието Clinical Nutrition, биолошката возраст била мерена со епигенетски часовници, алгоритми кои можат да ги проценат здравјето и животниот век, дури и на млада возраст, пред клиничка манифестација на болеста.
За превенција на болестите, важно е да се испита врската помеѓу исхраната и здравјето уште од рана возраст пред да се појават клинички знаци на болестите поврзани со возраста. Општо земено, диетите кои изискуваат поголема потрошувачка на овошје и зеленчук и помал внес на месо, брза храна и засладени пијалаци се поврзани со побавно биолошко стареење. Диетите со малку овошје и зеленчук се поврзани со брзо стареење.
Наодите се во согласност со студиите спроведени кај средовечни и постари лица, како и со неколку студии спроведени кај помлади поединци. Имено, резултатите не се разликуваа од оние на повозрасните испитаници, и покрај младоста на контролната група“, рече Суви Рави, еден од авторите на студијата.
Со понатамошно испитување, тимот додаде уште неколку варијабли во студијата, како што се индексот на телесна маса (БМИ), вкупниот внес на енергија, нивото на физичка активност, внесот на алкохол и пушењето.
Со тоа, врската меѓу исхраната и биолошкото стареење стана помалку јасна, што укажува на тоа дека факторите како редовната физичка активност може донекаде да ја компензираат лошата исхрана.