Ова е најголемата опасност од користењето на вештачка интелигенција, правете го ова секогаш после користење на ChatGPT или Google Gemini

Џемини ги чува сите разговори кои сте ги воделе.

Гугл Џемини од сега ќе ги памти сите конверзации, и ќе ги искористи во иднина за подобро комуницирање со луѓето.

Без оглед на тоа дали поставувате прашања во врска со нешто за кое веќе сте разговарале или барате Џемини да ги резимира претходните разговори, овој модел на вештачка интелигенција сега ќе користи релевантни конверзации за да даде адекватен одговор, се наведува во соопштението на компанијата.

Како што се додава, корисниците сега веќе нема да треба да започнуваат конверзација или да ги бараат претходните конверзации, туку ќе можат да се надоврзат на претходната конверзација или да изберат да започнат од почеток.

“Вие контролирате кои информации да се зачуваат. Можете лесно да ги прегледате, да ги избришете или да се одлучите да ги чувате одреден период во вашата историја”, додава Гугл на својата веб страница.

Корисниците ќе можат да ги разгледаат и евентуално да ги избришат конверзациите преку опцијата Gemini Apps Activity.

Оваа функција е веќе достапна за оние кои имаат Google One AI Premium на англиски јазик, а поддршка за другите јазици се очекува во наредните недели, додаде технолошкиот гигтант.