Connect with us

Спорт

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл на теренот

Легендарниот бразилски напаѓач Зуба или познат како “вистинскиот” Роналдо, за многумина е еден од најдобрите во историјата на фудбалот.

Сите знаеме дека повредите го спречија да достигне уште поголеми висини, иако поранешниот фудбалер на Барселона, Реал Мадрид, Интер и Милан и онака остави длабока трага во најважната споредба работа на светот.

Многумина сакаа Зуба да им биде соиграч, а тој во едно интервју раскажа и кој за него, бил најлошиот играч со кој го делел теренот.

“Томас Гравенсен беше навистина сјајно момче, прекрасна личност. Пред некој ден победи на покер турнир за 50 милиони долари или нешто слично. Но, на фудбалскиот терен беше ужасен, играше многу многу лошо. Беше шега”, изјави Роналдо и додаде:

“Трчаше многу, но кога ќе земе десет топки, веднаш губи девет”, се пошегува актуелниот претседател на Вајадолид.

Изнел и свое мислење за тоа кој бил најдобар. “Наградата” ја добија: Роналдињо на репрезентативно и Зинедин Зидан на клупско ниво.

“Најдобри беа Роналдињо на репрезентативно и Зидан на клупско ниво. Зидан имаше многу стил, беше различен, многу технички поткован, за него, се делуваше едноставно”, порача вистинскиот Роналдо.

Advertisement

Спорт

Македонија стана полноправна членка на Медитеранската ракометна конфедерација

Македонската ракометна федерација (РФМ) денеска објави дека нашата земја е примена како полноправна членка на Медитеранската ракометна конфедерација. Досега Македонија имаше статус на придружна членка.

Одлуката беше донесена на седмиот конгрес на Медитеранската конфедерација, кој се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во Каиро, Египет.

Следната година македонските ракометарки и ракометари ќе имаат активна улога на меѓународната сцена. Пионерките ќе учествуваат на Медитеранскиот шампионат во февруари во Приштина, додека кадетите ќе настапат во април во Словачка. Сениорите ќе се борат за медалите на Медитеранските игри во август во италијанскиот град Таранто.

Continue Reading

Спорт

Омерагиќ: Посетата на Мамадов отвора нова фаза за македонскиот фудбал

Во „Куќа на фудбалот“ се одржа средба меѓу раководството на Фудбалската федерација на Македонија и Елкан Мамадов, директор за асоцијации и развој во ФИФА и еден од најблиските соработници на претседателот Џани Инфантино.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека посетата на Мамадов претставува силна потврда за одличната соработка со ФИФА и континуираната поддршка што федерацијата ја добива во реализацијата на стратешките цели, со посебен акцент на инфраструктурата и зајакнувањето на националните селекции.

Омерагиќ најави дека веќе се договара и посета на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во првата половина на 2026 година, што дополнително ќе ја зацврсти соработката и ќе отвори нови можности за развој на македонскиот фудбал.

Тој нагласи дека ФФМ останува целосно посветена на принципите што се од клучно значење за ФИФА – транспарентност, одговорност и долгорочен развој на фудбалот на сите нивоа во Македонија.

Continue Reading

Спорт

ФФМ и Масар Омерагиќ со честитка до Шкендија за европскиот успех

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции.


Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех е резултат на професионален пристап, изразен тимски дух и јасна амбиција за докажување на меѓународната сцена. Воедно, пласманот на Шкендија се посочува како значаен придонес за промоција на македонскиот клупски фудбал во европските натпреварувања.


„Успехот на Шкендија е потврда за квалитетната работа на клубот и неговото претставување надвор од границите на државата“, се наведува во честитката од Фудбалската федерација.
ФФМ им посака на фудбалерите и на стручниот штаб на Шкендија успешни и квалитетни настапи во продолжението од европската кампања, со надеж дека клубот ќе продолжи достојно да ја претставува Македонија на меѓународната фудбалска сцена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг