Полицијата заплени возило нa Комуналното претпријатие од Делчево – 5 години не било регистрирано

Полицијата во Делчево заплени товарно возило трактор во сопственост на ЈКП Брегалница. 

Возилото последен пат било регистрирано пред 5 години констатирала сообраќајната полиција и тоа од вчера е во кругот на полицијата. 

Освен тракторот поради истите причини неодамна е одземено и возило Тико кое е во сопственост на Општината а соговорници за ТВ Стар велат дека многу е веројатно нерегистрирани и технички неисправни возила да има уште….

Засега нема официјално огласување од ЈКП Брегалница за наведениот случај.