Connect with us

Свет

Украинскиот претседател одбил да го потпише документот кој му го дал Трамп: Откриено што барале Американците од Украина

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави во саботата дека билатералниот договор за клучни минерали за што било разговарано со САД, сѐ уште не е подготвен и дека не содржи одредби со коишто Киев сака да ги заштити своите интереси.

Договорот за кој Зеленски почна отворено да зборува по доаѓањето на власт во Вашингтон на Доналд Трамп, се смета за клучен за настојувањето на Киев да ја придобие поддршката на републиканецот додека американскиот претседател бара брзо завршување на војната во Украина. Притоа Киев бара безбедносни гаранции за да се заштити од нова инвазија доколку биде постигнат мир.

„Сѐ уште не е подготвен да ги заштити нашите интереси“, изјави Зеленски на прес-конференцијата на маргините од годишната безбедносна конференција во Минхен која ги собира политичките и воени челници од светот.

Зеленски ги изнесе контурите на евентуалниот таков договор во интервју за Reuters минатата седмица, распостилајќи мапа којашто прикажува бројни наоѓалишта на минерали, велејќи дека нуди „заемно полезно партнерство за нивен заеднички развој а не нивно подарување“.

Минералите за кои станува збор би вклучувале ретки минерали и метали како титан, ураниум и литиум. Меѓутоа, експертите порачуваат дека таквите најголемите украински наоѓалишта се во регионот Донбас кој од 2014 година го контролираат проруските бунтовници, како и близу линијата на фронтот.

На пример, кон средината на јануари наоѓалиштето на литиум во областа на селото Шевченковско на границата на одметнатата доминантно руска област Доњецк, со кое Киев се обиде да тргува со западот уште многу пред руската инвазија, беше заземено од руската војска. Резервите на литиум во Шевченковско, едно од најголемите во Европа, е откриено во 1982 година. Резервите на литиум се проценети на 13,8 милиони тони. Покај тоа, се смета дека таму има и резерви од други вредни ретки ресурси како ниобиум, берилиум, тантал…

На почетокот од февруари, Трамп кој не се согласи за продолжување на воената помош за Украина, изјави за новинарите во Белата куќа дека сака 500 милијарди долари во ретки земни минерали од Украина за да се обезбеди огромната поддршка од САД.

Трамп тогаш рече дека Украина е подготвена за тоа, додавајќи дека сака „изедначување“ од Украина за помошта на Вашингтон од „речиси 300 милијарди долари“.

„Ние ѝ кажуваме на Украина дека имаат многу вредни ретки земји. Сакаме да склучиме договор со Украина каде што тие ќе го обезбедат она што ќе им го дадеме за нивните ретки земни метали и други ресурси“, рече Трамп.

Ретките земји се група од 17 метали кои се користат, меѓу другото, за правење магнети кои ја претвораат енергијата во движење за електрични возила, мобилни телефони и друга електроника. Во моментов нема познати замени за нив.

Геолошкиот институт на САД смета дека 50 минерали се критични за економијата и националната безбедност на земјата, вклучувајќи неколку видови ретки земји, никел и литиум.

Украина има големи наоѓалишта на ураниум, литиум и титаниум, иако ниту едно од нив не е меѓу петте најголеми во светот по количество а некои од нив прејдоа и под контрола на руската војска, а САД имаат свои неискористени резерви на овие и други клучни минерали.

САД имаат само еден оперативен рудник за ретки земја и многу ограничен капацитет за обработка, иако неколку компании работат на развој на проекти во земјата. Кина е најголемиот светски производител на ретки земји и многу други клучни минерали.

Advertisement

Свет

Чешкиот премиер повикува на проширување на Шенген зоната за Западен Балкан

Новиот чешки премиер,Андреј Бабиш, изјави дека ЕУ треба итно да ја прошири Шенген зоната кон земјите од Западен Балкан, истакнувајќи дека тоа е неопходно за заштита на Европа од шверцери кои злоупотребуваат мигранти. „Не разбирам зошто ЕУ одамна не одлучи да ја прошири Шенген зоната за земјите од Западен Балкан, за да можеме да ја браниме нашата Европа“, рече Бабиш.

Тој објави дека на агендата на првата работна седница на новата чешка влада ќе бидат вклучени итни европски прашања, меѓу кои и отфрлање на новите дозволи за емисии од ЕТС2, новиот зелен данок, како и пактот за миграција. Бабиш истакна дека Чешка ќе учествува на самитот на земјите што ги отфрлаат новите европски решенија за миграцијата, организиран од Данска, а во среда ќе се сретне со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Во однос на Украина, Бабиш најави дека Чешка ќе продолжи со хуманитарна помош, но не се изјасни за користењето на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина. Премиерот апелираше за прекин на огнот и за мировни решенија, нагласувајќи дека илјадници војници продолжуваат да умираат секоја недела. „Секоја војна е лоша и треба да се потсетиме на Втората светска војна, која однесе огромен број жртви. Европа треба да почне да зборува за мир, а не за војна“, додаде Бабиш.

Continue Reading

Свет

„СВЕСЕН ДЕКА МОЖЕ ДА ЗАГИНЕ, ТРГНА ДА СПАСУВА ЖИВОТИ“ Херојскиот чин на Ахмед ја обиколи планетата

43-годишниот Ахмед ал Ахмед е на операција за отстранување на неколку куршуми од раката и рамото, но е вон животна опасност.

Пред да тргне во херојска акција и да му го одземе оружјето на напаѓачот во Сиднеј, кој уби дузина луѓе, Ахмед бил свесен дека лесно може да го загуби животот и испратил последна порака до своето семејство.

„Ќе умрам, те молам оди да го посетиш моето семејство и кажи им дека отидов да спасам животи“, му рекол Ахмед на својот братучед Јозај Алканџ пред да се упати кон напаѓачот и храбро да му ја грабне пушката на еден од напаѓачите во масакрот на плажата Бонди, каде загинаа 15 лица.

Ахмед бил ранет кога Навед Акрам (24), син на другиот напаѓач, пукал кон него на блискиот мост, погодувајќи го во рацете и рамото. Според лекарите, неговиот живот не е загрозен, а роднините велат дека е во добро расположение.

Драматични видеа со над 20 милиони прегледи го прикажуваат моментот кога Ахмед се прикрадува кон напаѓачот зад паркирани автомобили, додека тој пука во жртвите. Во следниот миг, Ахмед успева да го разоружа и да го собори на земја.

Таткото на Ахмед, Мохамед Фатех ал Ахмед, за Еј-Би-Си Австралија изјави дека неговиот син има „инстинкт на заштитник“.

– Мојот син е херој. Служеше во полицијата и во централните безбедносни сили и секогаш имал потреба да ги штити луѓето. Кога видел крв и повредени насекаде, неговата совест го натерала да реагира. Гордо можам да кажам дека тој е херој на Австралија – рече таткото.

Мајката Малакех Хасан ал Ахмед истакна дека е неизмерно горда на својот син, опишувајќи го како човек кој секогаш дава. Други роднини велат дека Ахмед немал големо искуство со огнено оружје, но покажал исклучителна храброст.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, го пофали подвигот.

– Тоа е најневеројатната глетка што сум ја видел. Еден човек му приоѓа на вооружен напаѓач и сам го разоружува, ризикувајќи сè за да спаси други животи. Благодарение на неговата храброст, многумина се живи денес – изјави Минс.

На платформата GoFundMe е отворена кампања во чест на Ахмед, каде досега се собрани над еден милион долари, меѓу кои и донација од речиси 100.000 долари од американскиот милијардер Бил Акман.

По масакрот, кој го извршија татко и син од пакистанско потекло за време на одбележувањето на еврејскиот празник Ханука, граѓаните палат свеќи и оставаат цвеќе пред импровизираниот споменик во Бонди Павилјон, додека полицијата и приватните безбедносни служби ја зголемија безбедноста во областа.

Continue Reading

Свет

Асад: Офталмологот на елитата во Москва

Башар ал-Асад, човекот кој ја претвори Сирија во поле на смртта, сега живее „тивка и луксузна“ бајка во Русија. Според The Guardian, сменетиот претседател реши да го замени воениот оклоп со бел лекарски мантил – и тоа како офталмолог на московската елита.

Како да е извлечен од страница на најдраматичен политички роман, Асад сега мирно студира медицина и го учи рускиот јазик, додека, наводно, води живот во огромен луксуз. Но, ова не е приказна за искупување. Додека Сирија крвари под товарот на неговото наследство, човекот одговорен за тортура, хемиски напади и стотици илјади смртни случаи, сега „работи за душа“, гледајќи ги луѓето право во очи – во мирната, богата Москва.

Се чини дека оваа „хуманитарна“ професија е далеку од мотивирана од финансиска потреба. „Гардијан“ открива дека во периодот 2018–2019 година, Асад успеал да префрли неверојатни 250 милиони долари во готовина во Русија. Како круна на оваа златна егзистенција, неговото семејство, наводно, поседува 20 луксузни апартмани во руската престолнина.

Контрастот е суров и застрашувачки: Додека Сирија е во рушевини, човекот кој ја удави земјата во крв сега живее живот на принц, безгрижно третирајќи го видот на руските богаташи.

NEXTA on X: “🤡 Assad — an ophthalmologist for Moscow’s elite Ousted Syrian president Bashar al-Assad has decided to start a new life in Russia — becoming an ophthalmologist and treating Moscow’s elite, The Guardian reports. According to the paper, Assad is already studying medicine, https://t.co/QoY2DMCV9d” / X

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг