На 16.02.2025 во 16.00 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле А.Х.(32) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон нив и не почитувал нивна наредба при извршување на службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
