На 16.02.2025 во периодот од 15.25 часот до 17.50 часотм полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи извршиле акциска контрола во четири спортски обложувалници во Тетово и тетовско. При контролата биле пронајдени и одземени пет компјутери кои немале лиценца за софтвер на оперативниот систем, казниво по член 286 од Кривичниот законик. Исто така, во спортска обложувалница во Тетово биле затекнати тројца малолетници, кои им биле предадени на нивните родители. По документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.
