policija

Претепал маж пред обложувалница и му украл пари – уапсен 22-годишен тетовец!

На 18.02.2025 во 09.35 часот во с.Отушиште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода А.Б.(22) од с.Отушиште. Тој се сомничи дека на 16.02.2025 околу 00.10 часот  пред спортска обложувалница на улица ,,Маршал Тито“ во Тетово физички го нападнал Н.К.(56) од Тетово и му одзел пари и два мобилни телефони. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.