Connect with us

Спорт

Огромно разочарување: Се огласи семејството на Михаил Шумахер, открија дека им барале 15 милиони евра

Семејството на легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер се огласи со соопштение до јавноста.

Вистинска реткост е огласувањето на сопругата на Шумахер, Корина и нивните деца. Тие сега објавија дека поднеле жалба поради одлуката на судот во Вупертал “благо” да го казни поранешниот телохранител Маркус Фричи поради обид за изнуда.

Три лица биле вмешани во обид за уцена на семејството Шумахер, а само еден од нив е осуден со затворска казна. Тројцата обвинети се заканиле дека ќе ја објават големата колекција на приватни видео-снимки и фотографии од легендарниот шофер на Формула 1, доколку семејството не плати огромна количина пари.

Шумахер не е видено во јавноста, ниту се објавени негови фотографии од декември 2013 година, кога се здоби со тешка повреда на главата предизвикана при скијање.

Јилмаз Тозтуркан, обезбедување во еден ноќен клуб во Германија, осуден е на три години затвор поради обид за изнуда во која од семејството се барани дури 15 милиони евра. Јилмаз, како и неговиот син Даниел Линс, биле обвинети бидејќи се заканиле дека ќе објават околу 900 фотографии и 600 видео-снимки, како и дигитални записи од неговите медицински досиеја.

Даниел Линс е осуден на шест месеци условна казна поради помагање, како и парична казна од 1.200 евра.

Поранешниот телохранител на семејството Шумахер на нивниот имот во Швајцарија, судено му е за обезбедување информации и фотографии на таткото и синот. Обвинителите утврдиле дека материјал бил продаден за петцифрена сума. Тој доби поблага казна бидејќи е осуден само како соучесник во обидот за изнуда, со што добил две години условна казна.

Семејството Шумахер поднесе жалба на одлуката на судот да поранешниот телохранител помини само со условна казна.

“Поднесовме жалба бидејќи сметаме дека е премногу блага казна за господинот Маркус. Според нашето мислење, тој беше мозокот на оваа операција. Она што и понатаму не шокира е масовната злоупотреба на довербата. Би требало да добие казна која во иднина ќе ги одврати сите потенцијални имитатори”, стои во соопштението кое го потпишала Корина Шумахер.

После Корина, се огласи и семејниот адвокат Тил Дам, кој изјави дека не се согласува со одлуката на судот: “Можете да бидете сигурни дека ќе ги искористиме сите правни можности кои ни стојат на располагање”.

Семејството Шумахер се уште не знае каде е исчезнатиот хард-диск.

“Не знаеме каде се наоѓа исчезнатиот хард диск. Немам кристална топка, но постои можност за нови закани низ некои алтернативни канали”, објаснил адвокатот.

Advertisement

Спорт

Меланија Грозданова блиску до Јувентус: Македонија добива ново фудбалско чудо

melanija grozdanova

Постои силен и конкретен интерес од страна на италијанскиот гигант Јувентус за македонската тинејџерска ѕвезда, Меланија Грозданова. Веста, која експлозивно одекна откако ја објави реномираниот европски новинар Руди Галети, го става 16-годишниот балкански бисер во фокусот на европскиот фудбал.

Иако има само 16 години, Грозданова веќе е незаменлив стартер во сениорската репрезентација на Македонија. Нејзината храброст и смиреност на теренот, демонстрирани на највисоко ниво (како на двата неодамнешни меча против моќната Русија), се восхитувачки за играч на нејзина возраст. Селекторите и соиграчите веќе ја гледаат како играч кој прави разлика. Вотековната Сезона, постигна осум голови за Љуботен, покажувајќи неверојатна напаѓачка ефикасност. Мината Сезона заврши со импресивни 12 погодоци за Истатов.

Грозданова е експлозивно крило со дриблинг уметност и самоуверена игра во ситуации еден-на-еден. Нејзината физичка подготвеност и препознатлив стил на игра и прослава на головите веќе донесе споредби со легендарниот Кристијано Роналдо.

Но, таа не блеска само на клупско ниво, оваа есен, Меланија беше предводник на македонската У19 репрезентација, катапултирајќи ја во А-дивизијата на квалификациите за ЕП – подвиг што ја потврдува како најголемиот фудбалски талент што Македонија некогаш го имала.

Со височина, техничка извонредност, интелигенција на теренот и менталитет на вистински професионалец, Грозданова го има комплетниот профил за највисоко европско ниво. Не е ни чудо што Јувентус гледа во неа значајно име за нивниот долгорочен проект.

Ова е повеќе од трансфер приказна. Меланија Грозданова е денес една од најдобрите млади фудбалерки во Европа.

Запомнете го името: Меланија Грозданова!

Continue Reading

Спорт

Селта со огромна сензација: Реал Мадрид поразен на „Бернабеу“, Сведберг блескаше со два гола

Реал Мадрид доживеа шокантен пораз на свој терен, откако Селта Виго приреди вистинска сензација и го совлада гигантот на „Сантијаго Бернабеу“. Херој на мечот беше 21-годишниот шведски напаѓач Вилиот Сведберг, кој со два погодоци го реши дуелот и ја прослави веројатно најзначајната вечер во својата кариера.

Младиот талент одигра блескава партија и целосно ја изненади одбраната на Реал. Неговите два гола не само што му донесоа победа на Селта, туку и создадоа приказна која навивачите долго ќе ја паметат. Селта со оваа победа направи вистинска сензација, нанесувајќи му на Реал еден од најболезнените порази оваа сезона.

Реал Мадрид влезе како апсолутен фаворит, но гостите од Виго покажаа дисциплина, брзина и одлична ефикасност. Дури и доминацијата во посед и шансите не му помогнаа на Реал да избегне пораз, а Сведберг повторно потврди дека е еден од најперспективните напаѓачи во европскиот фудбал.

Со оваа победа, Селта испиша историја на „Бернабеу“, а мечот веќе се смета за едно од најголемите изненадувања во тековната сезона на Ла Лига.

Continue Reading

Спорт

Ландо Норис со историска круна во драматичен финиш на сезоната

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, и официјално е новиот светски шампион во Формула 1. Во една од највозбудливите и најнеизвесни сезони во последната деценија, Британецот со минимална предност од само два бода над актуелниот шампион Макс Верстапен ја освои својата прва титула во кариерата.

Во последната трка од сезоната, возена во Абу Даби, Верстапен стигна до победата, но третото место на Норис му беше доволно за да го задржи врвот во генералниот пласман. На подиумот се искачи и Оскар Пјастри, тимскиот колега на Норис во Мекларен, кој заврши втор на трката, а сезоната ја комплетираше како трет во генералниот поредок.

Мекларен одамна ја имаше осигурено титулата кај конструкторите, оставајќи ги зад себе Мерцедес и Ред Бул во една доминантна година за тимот од Вокинг.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг