Пеп Гвардиола ја поминува една од најтешките сезони во тренерската кариера, а кошмарот се продолжи со испаѓањето на Манчестер Сити од Лигата на шампионите од страна, поради поразот од Реал Мадрид.
Во реванш фазата за осмина финалето, кралевите славеа со резултат од 3:1.
Педантните аналитичари веднаш објавија вознемирувачки податоци. Гвардиола досега во својата кариера, нема доживеано вакво нешто.
Пред се, тоа е прв пат за дури 16 учествувања во Лигата на шампионите, да неговиот тим не стигне до осмина финале. Ова претставува огромна реткост.
Исто така, поразот од Реал Мадрид беше 13. во сезоната за Манчестер Сити, што е рекорд за Гвардиола.
Карло Анчелоти исто така стана вистински ноќен кошмар за Гвардиола, бидејќи стана првиот тренер кој го исфрлил Гвардиола четири пати од Лигата на шампионите.
Претходните три пати тоа се случило во полуфиналињата во 2014 и 2022. година, а потоа и во четвртфиналето во 2024.
