Македонски знамиња на Попова Шапка

По појавата на видеоснимка на која група скијачи на Попова Шапка развија џиновско знаме на Косово по повод 17 години независност, на социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии и видеа со македонски знамиња на истата локација.

Неколку групи граѓани во текот на денешниот ден излегоа на снежните падини со знамиња на Македонија, истакнувајќи ја својата реакција на претходниот настан.

Според коментарите на социјалните мрежи, ова е одговор на акцијата со косовското знаме, при што тие нагласуваат дека Попова Шапка е македонски туристички центар и дека националните симболи треба да бидат почитувани.