Connect with us

Свет

Маск со неочекуван предлог до Трамп: Тврди дека ова е првиот чекор кој САД мора го направи

Американскиот мултимилијардер Илон Маск повика на итно отстранување на Меѓународната вселенска станица од орбитата.

– Време е да почнеме со подготовки за деорбитирање на Меѓународната вселенска станица. Таа си го направи своето, нејзината корист е минимална. Ајде да одиме на Марс – напиша Маск на неговиот твитер-профил.

Во друга објава, Маск предложи временски рамки.

– Одлуката е на претседателот, но мојот совет е да го направиме тоа што е можно побрзо. Советувам тоа да се случи за две години.

Да потсетиме, НАСА уште во јуни минатата година објави дека ја избрала компанијата на Маск, „Спејс екс“, за изградба на вселенско летало што ќе ја пренесе Меѓународната вселенска станица низ Земјината атмосфера до своето последно одредиште во Тихиот Океан.

Според актуелниот план, Меѓународната вселенска станица треба да престане со работа во 2030 година. Врз основа на претходни искуства со станици како што се „Мир“ и „Скајлаб“, НАСА проценува дека Меѓународната вселенска станица ќе се распадне во три фази. Прво ќе се одвојат масивните соларни панели и уредите за ладење на орбитралниот лабораториум, потоа ќе се одвојат поединечни модули од носачот и на крај – ќе се распаднат структурата на станицата и самостојните модули.

Иако делови од станицата ќе се распаднат целосно при влегувањето во атмосферата, најголемите делови ќе преживеат. НАСА планира овие преостанати делови да завршат во областа на Тихиот Океан позната како „Точка немо“, кое е едно од најоддалечените места на светот. Исто така, „Точка немо“ е познато како гробишта на сателити и вселенски летала.

Advertisement

Свет

Трамп го менува дипломатскиот тим: Амбасадорката Агелер си заминува од Македонија

Амбасадорите на САД во најмалку 29 земји минатата недела добиле известување дека нивните мандати ќе завршат во јануари, објавија двајца официјални претставници на Стејт департментот кои побарале да останат анонимни. Оваа одлука е дел од големата реорганизација на американските дипломатски претставништва под администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Според официјалните извори, администрацијата ќе замени околу 30 дипломати од кариера на амбасадорски и други високи позиции во амбасадите ширум светот. Иако амбасадорите кои се повлечени не ја губат својата работа, тие ќе се вратат во Вашингтон и ќе имаат можност да преземат други должности доколку сакаат.

Сите амбасадори кои се засегнати биле назначени во времето на администрацијата на Џо Бајден, но останале на своите позиции по почетната „чистка“ на почетокот на вториот мандат на Трамп во јануари, која најмногу се однесуваше на политички именувани функционери. Од Стејт департментот не ја коментираа конкретната бројка на амбасадори, но нагласија дека се работи за рутински процес, бидејќи амбасадорот е „личен претставник на претседателот и е право на претседателот да осигура дека во овие земји се наоѓаат лица кои ја промовираат неговата агенда ’Америка на прво место‘“.

Најголеми промени се очекуваат во Африка, каде амбасадорските позиции ќе се менуваат во 13 земји: Бурунди, Камерун, Зеленортските Острови, Габон, Брегот на Слоновата Коска, Мадагаскар, Маврициус, Нигер, Нигерија, Руанда, Сенегал, Сомалија и Уганда.

Следи Азија со шест промени – Фиџи, Лаос, Маршалските Острови, Папуа Нова Гвинеја, Филипини и Виетнам. Во Европа се очекуваат промени во Ерменија, Северна Македонија, Црна Гора и Словачка.

На Блискиот Исток, амбасадорите ќе се менуваат во Алжир и Египет, а на Јужна и Централна Азија – во Непал и Шри Ланка. Промените ќе се одразат и во Западната хемисфера, каде ќе се менуваат амбасадорите во Гватемала и Суринам.

Ова е најголемата ротација на американски дипломати од почетокот на мандатот на Трамп, и експертите сметаат дека таа е дел од стратегијата за целосно усогласување на надворешната политика со визијата „Америка на прво место“.

Continue Reading

Свет

Генералот Сарваров загина во експлозија во „Киа“ – удар директно кон Путин

Масивна експлозија го потресе утринското мирно населба Јасенево во Москва, кога еден од најблиските генерали на рускиот претседател Владимир Путин беше жртва на бомбашки напад. Генерал-потполковник Фанил Сарваров, човекот задолжен за оперативните обуки на целата руска армија, загина откако експлозив, поставен под шасијата на неговиот автомобил „Киа Соренто“, се активирал веднаш штом го стартувал моторот.

Според првичните информации, инцидентот се случил околу 7 часот наутро, само неколку минути откако Сарваров го напуштил паркингот. Руски спасувачи успеале да го извлечат генералот од разнесеното возило, жив, но тешко повреден, но тој починал на пат кон болница.

Истражителите од Рускиот Истражен комитет веднаш отворија кривична истрага за терористички чин. Очевидците и руски канали на Телеграм наведуваат дека 56-годишниот генерал претрпел повеќекратни рани од шрапнели, затворени фрактури, како и сериозни повреди на нозете и коските на лицето.

Овој напад го потсетува на зголеменото ниво на закани против високите функционери во Русија и остава сериозни прашања за безбедноста на најблиските соработници на Кремљ.

Continue Reading

Свет

АП: Москва наводно подготвува ново оружје за соборување на сателитите на „Старлинк“

Се чини дека Русија би можела да развива ново противсателитско оружје со цел да ја нападне сателитската мрежа „Старлинк“ на Илон Маск, која покажа клучна улога во поддршката на Украина, пишува „Асошиејтед прес“. Според извори од разузнавачки служби на две земји членки на НАТО, оружјето со „зонски ефект“ би можело да ја преплави ниската орбита со стотици илјади малечки, но густо распоредени топчиња, потенцијално парализирајќи повеќе сателити одеднаш.

Експертите, сепак, изразуваат сомнеж дека такво оружје би можело да се користи без да предизвика катастрофален хаос, што би го погодило и самата Русија, но и Кина и другите земји кои зависат од илјадници сателити за комуникации, навигација и одбрана.

„Не верувам дека ќе го направат тоа. Би била многу изненадена“, вели Викторија Самсон од фондацијата „Секјур Ворлд“. Но бригадниот генерал Кристофер Хорнер од канадската војска предупредува: „Не можам да кажам дека сум запознаен со таков систем. Но, ако Русија е подготвена за нуклеарно оружје во вселената, нешто помалку штетно, но сè уште опасно, не би ме изненадило.“

Русија го смета „Старлинк“ за сериозна закана. Мрежата со илјадници сателити е клучна за украинските сили, кои ја користат за комуникација, насочување оружје и одржување врски во региони каде руските напади ги нарушиле комуникациите. Според извештаите, новото оружје би можело да уништи повеќе „Старлинк“ сателити истовремено, но нејасно е дали тестирањето е започнато или колку е напреднато истражувањето.

Експертите предупредуваат дека облаците од топчиња би биле многу тешки за следење и би можеле да предизвикаат неконтролиран хаос во орбитата. „Тоа изгледа како оружје на страв – за закана, без реално користење“, вели Клејтон Своуп од Центарот за стратешки и меѓународни студии.

Орбитите на „Старлинк“ се на околу 550 километри над Земјата, што ги става на ризик и други вселенски станици, како кинеската „Тјангонг“ и Меѓународната вселенска станица, кои се на пониски орбити.

Самсон заклучува дека потенцијалните опасности од вакво недискриминирачко оружје би можеле да ја одвратат Москва: „Тие вложиле огромни ресурси за да станат вселенска сила. Користењето на такво оружје би им го затворило сопствениот пристап до вселената. Не знам дали се подготвени да се откажат од толку многу.“

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг