Connect with us

Магазин

Доколу имате над 50 години, секое утро мора да ја правите оваа работа за подобро здравје

По 50-тата година, важно е да се одржува активност и да се води грижа за здравјето. Една од најдобро препорачуваните навики е да започнете утрото со здрав пијалок или ритуал кој ќе го поддржи вашиот метаболизам и ќе ја подобри циркулацијата. Експертите препорачуваат:

Топла вода со лимон – Овој пијалок е познат по своите детоксикативни својства. Лимонот е богат со витамин Ц, кој помага во зајакнување на имунитетот, додека топлата вода ја поттикнува циркулацијата и поддржува варењето.

Зелено чајче – Овој напиток е богат со антиоксиданти и помага во забрзување на метаболизмот, што е важно за постарите лица. Се препорачува да се пие без шеќер.

Јога или лесна физичка активност – По добар пијалок, утринската гимнастика или истегнување може да ја подобрат мобилноста, флексибилноста и да спречат болки во зглобовите.

Доколку ги вклучите овие здрави навики, ќе забележите подобрување на енергијата и благосостојбата.

Advertisement

Магазин

Овие 4 хороскопски знаци ќе го зголемат приходот најмногу во 2026 година

Нова година носи нови можности и конкретни резултати за оние кои вложиле труд, знаење и трпение. Некои хороскопски знаци веќе на почетокот на 2026 година ќе почувствуваат раст на приходите, проширување на бизнисот или пари од неочекувани извори. Овие знаци можат да сметаат на стабилна финансиска година и на прилика да ги наплатат своите идеи.

Бик

2026 година за Биковите носи материјална сигурност каква што посакувале. Нивната упорност, трпение и прагматичност конечно ќе се исплатат. Ѕвездите ги поттикнуваат кон раст преку стабилни извори на приход – работа, недвижнини или инвестиции. Бикот може да постигне повеќе отколку што очекувал.

Јарац

Јарците продолжуваат по растечка патека. Од јануари нивната работа ќе им се исплати повеќекратно, со можни унапредувања, покачувања или сопствени проекти кои носат заработка. Клучот е во упорноста и професионалноста, во што Јарацот блеска.

Шкорпија

За Шкорпиите се отвораат нови врати. Пари можат да дојдат од неочекувани извори – хонорарна работа, инвестиции или наследство. Долго вложуваните напори конечно ќе бидат наплатени, а Шкорпијата ќе знае мудро да вложи и паметно да заработи.

Овен

Овните ќе покажат храброст во финансиските одлуки. Иако обично импулсивни, оваа година делуваат стратешки. Наградите доаѓаат брзо преку бизнис проекти, дополнителни приходи и личен развој. Нивната заработка ќе расте во бранови, но ќе биде конкретна и мотивирачка.

Continue Reading

Магазин

Одложен настап: Што се случи со Џејла Рамовиќ во Македонија?

Популарната босанска пејачка Џејла Рамовиќ синоќа не се појави на закажаниот настап во еден од познатите скопски локали. Организаторите соопштија дека настапот е одложен, а причината, како што се наведува, е последица од инцидентот што се случи на 1. декември во Кичево.

Тогаш, Рамовиќ била задржана од полицијата за време на акциска контрола, откако инспекторите утврдиле дека настапува без соодветни документи за работа. Пејачката потоа истакна дека сите документи биле правилно доставени до организаторот и дека прекинот се случил поради пропуст на организаторот, а не од нејзина страна.

„Сакам да нагласам дека од моја страна и од страна на мојот бенд, сите потребни документи и дозволи за настапот во Кичево беа правилно подготвени и доставени до организаторот. Македонија е земја што многу ја сакам и секогаш сакам да се враќам“, изјави Рамовиќ.

Слична ситуација се случи и со српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци, а низ медиумите кружи и информацијата дека е откажан и концертот на Наташа Беквалац во Штип закажан за 27 декември, поради политички дискусии околу настанот.

Организаторите соопштија дека наскоро ќе објават нов датум за скопскиот настап на Џејла Рамовиќ.

Continue Reading

Магазин

Пензионер треба да врати речиси 30.000 евра поради грешка во пензијата

Пензионираниот британски државен службеник Дерек Ричи (63) се соочува со задолжително враќање на 28.640 евра, кои ги добивал преку преплаќања во последните 11 години, поради грешка во пресметката од 2014 година, соопштија надлежните служби.

Во март, Ричи добил писмо со извинување за „евентуалните непријатности“ и можност да ги врати парите преку банкарски трансфер или на рати, пишува „Гардијан“. Сепак, тој велеше дека не добил целосно објаснување за ситуацијата. Три месеци подоцна, му било соопштено дека ќе следи тужба доколку не ги врати средствата.

„Во последните 11 години донесував одлуки и планови врз основа на бројките што ми беа дадени, а грешката ќе ми предизвика значителни тешкотии“, изјави Ричи, кој поради стресот бил препишан лекови за депресија и анксиозност. Тој планирал целосно пензионирање во 2027 година, но сега вели дека ќе мора да се врати на работа за да го отплати долгот.

Ричи е меѓу стотиците пензионери погодени од административни грешки во системот „MyCSP“, кој во 2019 година призна дека се обидува да наплати милиони евра од повеќе од 2.000 пензионери. Грешките биле откриени при ревизија, но преплаќањата на Ричи првично останале незабележани, постепено растејќи од околу 230 евра годишно на 4.500 евра.

Во октомври, парламентарната комисија го критикуваше управувањето со пензиските шеми и предложи да се врати директна контрола на државните служби. Во моментов, системот е во рацете на компанијата „Capita“, која ветува модернизација и подобрување на услугите за пензионерите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг