Интересна ситуација: Судија, еве ти 50 евра – свири пенал во ЛШ! (ФОТО)

Необична сцена на “Стадионот на светлината” во Лисабон во текот на реванш натпреварот помеѓу Бенфика и Монако.

Во моментот кога судијата Глен Ниберг се приближи до ВАР мониторот да ја прегледа ситуацијата во која можеше да биде досуден пенал, еден досетлив навивач од домашната екипа се обиде да го убеди судијата на несекојдневен начин – нудејќи му 50 евра!

Швеѓанинот во 74. минута од натпреварот се приближи до трибините за да процени дали прекршокот беше за пенал. Со оглед на тоа што резултатот во тој момент беше 1:2 за гостите, но и дека Бенфика имаше минимална предност од првиот меч (1:0)), одлуката за пеналот можеше да биде клучна.

Во тој момент, еден од страствените навивачи извади банкнота од џебот и на шеговит начин му ја подаде на 36-годишниот судија. Ниберг, секако, не ја прифати понудата, но после прегледот сепак досуди пенал.