Трагедија во Македонија: Му се слошило и починал додека возел, автомобилот излетал од патот, удрил во столб, па во паркиран автомобил

Вчера, во 10:52 часот, во Полициската станица Радовиш била пријавена несреќа на улицата „8 Септември“ во Радовиш.

Според информациите, додека возел патничко возило „сузуки“ со радовишки регистарски ознаки, на 70-годишниот С.Ѓ. од село Воиславци му се слошило и починал, по што возилото излетало од патот и удрило во столб и паркирано возило „форд“.

Лекар од Итната медицинска помош во Радовиш потврдил дека возачот починал, а причината била срцев удар.

На местото на настанот извршен е увид од страна на екипа од Полициската станица во Радовиш.