Идол и на новите генерации: Играчите на Бриксен со ред се фотографираа со Лазаров (ФОТО)

Кирил Лазаров, еден од најголемите имиња во европскиот и светскиот ракомет, продолжува да оставa траен печат, не само преку своите бројни рекорди и успеси како играч, туку и како тренер.

Иако неговата играчка кариера е завршена, неговото име останува препознатливо и во тренерските води.

По реванш натпреварот меѓу Алкалоид и Бриксен во Европскиот куп на ЕХФ, ракометарите на италијанскиот клуб не ја пропуштија шансата да се фотографираат со Лазаров. Македонскиот селектор и тренер на Алкалоид се согласи без двоумење и позираше со младите италијански ракометари, кои гордо ја искористија оваа прилика.

Алкалоид, под негово водство, го доби двомечот со Бриксен со убедлив резултат и со тоа се пласираше во четвртфиналето на третото по ранг европско натпреварување.